Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Децата и спортот, како да се направи правиот избор

Децата и спортот, како да се направи правиот избор

Дали детето треба да се занимава со спорт?

Тренинзите за децата имаат повеќекратна улога. Освен што развиваат добра кондиција и физичка спремност, децата со помош на спортот се учат на доверба, да имаат смисла за тимска работа, а и учат како да бидат дисциплинирани. Сепак, пред да го запишете своето дете на некој спорт, секогаш постојат прашања “кој спорт е најдобар за моето дете?” или “за кој спорт е способно моето дете?” Пронаоѓањето на правиот спорт за детето за секој родител е прав предизвик.

Дали помалите деца побрзо се прилагодуваат?

Како кога. Сепак, не го терајте детето да тренира затоа што вие сметате дека е право време за тоа . Не го форсирајте детето да почне со спорт на четири или пет години, бидејќи неговите моторички способности се уште не се доволно развиени. На помала возраст може да го запишете во школо за спорт. Се препорачува децата да почнат да тренираат кога ќе почнат да одат на училиште. На пример може да оди со своите врсници, комшии или со другарите. Ако почне да оди без друштво, ќе запознае нови другари, затоа што децата на таа возраст веќе се социјализирани и не им треба помош од родителите за стекнување на нови другари. Ако на вашето дете не му се допадне спортот на кој сте го запишале, немојте да очајувате сигурно ќе му се допадне некој друг.

Дали детето е за тимски или за индивудуален спорт?

Се зависи од детето. Би било идеално кога детето би одело на некој тимски спорт во раната фаза на своето детство (училишен спорт). Децата кои тренираат во тим се учат на многу вештини, кои добро им доаѓаат во текот на животот. Треба да знаете дека тимското натпреварување или тренирање не е само фудбал, кошарка и одбојка, тука спаѓаат и веслање, гимнастика, танц и пливање... Сепак, ако вашето дете не покажува интерес за тренирање во група, немојте да го терате и да го уценувате, бидејќи на тој начин ќе направите само одбивност. На вас останува заедно со детето да го одберете спортот кој највеќе ќе му одговара.

 Како да го изберете спортот?

Прво фокусирајте се на интересите кои ги покажува детето, вие најдобро знаете дали е многу активно, дали сака да трча или повеќе сака да плива. Обрнете внимание на тоа дали ужива гледајќи ги постарите браќа и сестри или другарите додека тренираат или се натпреваруваат. Битно е да обрнете внимание на тоа дали детето изразило некој интерес за одреден спорт. Дали сака можеби да танцува? Стручњаците сметаат дека тоа што детето го прави среќно и весело додека си игра и се забавува може да е почеток за избор на некој спорт. На пример ако сака да танцува, запишете го во училиште за танц, а не на одбојка или ако сака со другарите да игра фудбал, запишете го во некој клуб да тренира, а не на џудо или карате. Разгледајте ги на интернет можностите што ги нуди вашиот град во однос на спортовите. Можете детето да го водите на натпревари или да му пуштате некои снимки од натпревари.

Не купувајте веднаш опрема, можеби детето ќе сака да се откаже?

Ако детето почне да тренира некој спорт, немојте одма да купувате опрема, тоа може после неколку часови да се предомисли, па залудно сте ги  фрлиле парите. Договорете се со тренерот прво да тренира во маица и шорцеви или тренерки, па ако му се допадне спортот тогаш купете и соодветна опрема која одговара на спортот.

 Што ќе се случи ако детето сака да се откаже?

Пред да го запишете детето на спорт, кажете му дека и таму постојат правила. Ако не му се допаѓа кажете му тоа да ви го соопшти после два три тренинга, а не тоа да ви го каже на сред натпреварувачка сезона, кога на него ќе смета и тренерот и другарите од екипата. Објаснете му дека со напуштање на спортот во пола сезона, може само да допринесе неговиот тим да е послаб, ако постојат некои правила во клубот за тие прашања, кажете му ги на детето пред да почне да тренира, затоа што така сите ќе знаете на што сте.

Зошто не треба да го споредувате детето со врвните спортисти?

Никогаш немојте своето дете да го споредувате со децата од соседсвото или со некои веќе афирмирани и познати спортисти кој што тренираат со децении. На тој начин можете кај детето да ја уништите самодовербата и можеби поради вашите критики веќе нема да сака да тренира. Без разлика на тоа за кој спорт ќе се одлучи детето, сетете се на тоа дека сте вие како родител најдобар пример. Бидете секогаш со него, бодрете го и поттикнувајте го. Учете ги каква им е користа од доброто спортско однесување. И без оглед кое место ќе го освои скогаш кажете му браво. Спортот е идеална прилика за децата да растат и да созреат во здрави и успешни возрасни луѓе.

Оставете коментар