Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Децата се најосетливи на високи температури – еве како да им помогнете

Децата се најосетливи на високи температури – еве како да им помогнете

Ви даваме неколку совети како на новороденчињата и малите бебиња да им ги олесните врелите, летни денови.

1.Креми со заштитен фактор

За децата до шест месеци не се препорачливи. Меѓутоа кога сонцето не пече слободно со детето влезете во вода. Во тој случај секако морате да му нанесете заштитна крема или лосион, само немојте да претерате со количината и брзо вратете се во ладовина.

2.Носилки, количка

Отстранете ги додатните слоеви од постава на количката или разните носилки затоа што тие на топлина уште повеќе се загреваат. Особено е добро во лето во количката или нослките да поставуте памучен чаршав.

3.Очила за деца

Очите на новороденчето и на бебето се многу осетливи. Затоа избегнете да купувате слатки шарени наочари од било кој штанд. Голема е веројатноста дека тие се од ефтина пластика која на детето може само да му наштети, па пред тоа секако консултирајте се со лекар.

4.Внимателно со клима уредот

Користете ги клима уредите така што температурата во просторијата или автомобилот ќе биде за пет до седум степени пониска од надворешната температура.

5.Не прекривајте ја количката

Прекривањето на детската количка со пелена, газа или ќебе може да има фатални последици.

Оставете коментар