Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Децата се почесто се соочуваат со анемија: Еве како да ја препознаете

Децата се почесто се соочуваат со анемија: Еве како да ја препознаете

Анемија се јавува кај децата од вториот месец на животот, а овие работи ќе ја откријат и ќе помогнат да ја откриете на време.

Анемија или слабокрвност е намалена способност на крвта да пренесува кислород. Настанува поради намален број на црвени крвни зрнца, еритроцити и хемоглобин во истите. Кај децата се јавува во вториот или третиот месец од животот, а овие неколку знаци ја откриваат.

Анемичните деца се релативно добро расположени, но многу брзо се заморуваат. При тоа, често имаат отежнато дишење и кожата им е бледа. Важно е да се нагласи дека бледата кожа не мора во сите случаи да значи дека детето е слабокрвно, но многу често тоа е еден од знаците.

Доколку детето брзо се заморува и често му се спие, има слаб апетит и многу се потти, веројатно би требале да посетите лекар.

Ако наодите укажуваат на слабокрвност, зголемета ја исхраната на детето и уфрлете храна од животинско потекло, но и спанаќ, кељ, цвекло и блитва, затоа што обилуваат со железо. Освен тоа зголемете го и внесувањето на овошје и зеленчук поради витаминот C.

Оставете коментар