Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Децата што растат со баба и дедо се посреќни

Децата што растат со баба и дедо се посреќни

Љубовта, грижата и поддршката на бабата и дедото имаат благородно влијание на внуците. За тоа има многубројни докази и истражувања.

1.Се намалува ризикот од депресија

Емоционалната блискост на бабата и дедото со внуците го намалува ризикот од депресија кај децата. Во истражувањето објавено во магазинот “Геронтолог” , учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. И кога научниците на Бостонскиот колеџ ги анализирале податоците кои ги собирале 19 години, се покажало дека опасноста од депресија се намалува и кај постарите и кај помладите генерации.

2.Се зголемува чувството на стабилност и сигурност

Бабите и дедовците им даваат на внуците чувство на стабилност и емотивна сигурност. Во трауматични ситуации или во текот на семејните караници, бабата и дедото се секогаш поддршка на внуците.

Истражувањата на Оксфордскиот Универзитет покажале дека блиската врска на внуците и постарите генерации им помага на децата да се снајдат во трауматичните ситуации во животот, како што се малтретирање во училиште или развод на родителите.

Истражувањето кое го водела профсорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1500 деца и покажало дека тие кои биле во блиски односи со бабата и дедото  имаат помали емоционални тешкотии и проблеми  во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имале поразвиено чувство за самостојност, што им олеснило да ги поминат тешкотиите.

3.Им ја  олеснува задачата на родителите

Родителите понекогаш немаат доволно време за играње и разговор со децата. Бабите и дедовците често на децата им ги заменуваат родителите, особено кога им е потребна игра и забава. Покрај тоа, тие многу поретко ги караат децата, па затоа внуците се спремни да им ги откријат своите тајни.

Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, затоа што и родителите се поспокојни, знаејќи дека децата се добри и додека нив ги нема.

 

 

 

 

 

Оставете коментар