Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дедо Мраз (не) постои?

Дедо Мраз (не) постои?

Дали на детето да му се каже вистината за Дедо Мраз или не, дилема е на сите родители. Еве што мислат педагозите за тоа...

Родителите понекогаш инсистираат на своето дете да му ја кажуваат само вистината. Односно веруваат дека детето, ако му кажат дека Дедо Мраз  постои, ќе ги осудува кога еден ден ќе сфати дека тоа не е вистина и дека во иднина нема да им верува.

Меѓутоа, не е така. Се додека детето верува во Дедо Мраз, тоа значи дека не е спремно да ја прифати вистината. Дедо Мраз е олицетворение на добрина, радост и среќа. За разлика од родителите, кои понекогаш сакаат да ги караат и казнуваат децата, тој ги исполнува сите желби. Им дава подароци а дури и не ги познава. Тој е личност поради која сакаат да бидат добри цела година, некој на кој му пишуваат писма со желби...

Како детето да го преброди стравот од Дедо Мраз

Немојте на детето да му го скратите делот од детството и можноста да живее во мала бајка со тоа што ќе му ги објаснувате фактите. Кога ќе порасне, ќе ја забележи малата разлика и поради неговата зрелост ќе биде спремно да ја слушне вашата вистина.

Тоа е премин од тоа време кога детето наоѓа сопствени аргументи како доказ за постоењето на Дедо Мраз (на пример, вие го прашувате како на реклама или на улица гледа многу Дедо Мразовци - зар тој може да биде на толку места истовремено, а детето ќе ви одговори дека сите тие не се вистински, а дека само правиот ќе дојде да ги донесе подароците...), во време кога тие исти прашања детето ќе почне да ви ги поставува на вас (на пример, како тоа ирвасите можат да летаат? како Дедо мраз е дебел а може да се спушти низ оџак? А што ќе се случи ако живеме во зграда?). Поставувањето на ваквите прашања ви покажува дека вашето дете е спремно да ја слушне вистината.

Оставете коментар
Close