Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дехидрирање на бебе

Дехидрирање  на бебе

До дехидрација доведуваат неурамнотежените внес и излез на течности- имено, бебето исфрла повеќе течности отколку што прима. Дехидрираноста ќе продолжи додека повторно не се воспостави рамнотежата.

Симптоми на блага дехидрација се намалено лачење на урина ( помалку од 3 до 4 мокри пелени на ден), плачење со малку или без воопшто солзи, крајна летаргичност, намалување на телесната тежина и испукани усни. Ако се сомневате дека бебето е дехидрирано, зголемете го дотурот на едноставни течности (вода или разредено адаптирано млеко). Ако го доите бебето, зголемете го бројот и времетраењето на подоите. Ако бебето го храните од шише, дајте му педијатриски електролитен раствор (го има во аптеките). Ако симптомите и понатаму опстојуваат, обратете се на лекар.

 

Оставете коментар