Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Детето рано почнува да ве лаже? Тоа е добар знак

Детето рано почнува да ве лаже? Тоа е добар знак

Лажењето не е нешто необично кај малите деца, а новото истражување ни открива дека тоа е дури и важен дел од развојот на детето.

Спрема истражувањето кое го водел Канг Ли, професорот по психологија од Универзитетот во Торонто, децата почнуваат да лажат многу рано. Меѓу две годишните деца кои зборуваат, 30% од нив веќе имаат кажано некоја лага. До навршени три години, речиси половината од нив редовно пробува нешто да излаже. Со четири години тој број изнесува дури 80%. А на возраст од пет до седум години речиси секое дете лаже.

Др.Ли вели дека младите деца кои ја прикриваат или избегнуваат вистината, имаат когнитивна предност пред оние кои не го прават тоа. “Лажењето бара две работи. Децата мораат да разберат што некој мисли. Оваа способност ја нарекуваме теорија на умот. Децата кои се подобри во теоријата на умот подобри се и во лажењето”, објаснува докторот.

Другата работа е да знаете да планирате однапред како би се спречиле несакани активности. 30% од децата помлади од 3 години кои знаат да лажат имаат поголема способност за тоа, а лагите им помагаат да се извлечат од низа незгодни ситуации.

Такви когнитивни способности кај децата кои рано почнуваат да лажат, значат дека таквите деца ќе бидат поуспешни во училиште и во комуникацијата со другите деца на игралиште.

Др.Ли спроведувал експерименти на теоријата на умот во кој учествуваа 58 деца на предшколска возраст во Кина, поделени во две групи. Половина од децата добиле шест тренинзи од теоријата на умот, а другата половина добила тренинзи во кои учеле броеви и вештини за снаоѓање во просторот. Истражувачите открија дека децата од првата група подобро лажеле, но и биле подобри во лагите од децата од другата група.

Оставете коментар