ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Детето – жртва на амбициозни родители
    Детето - жртва на амбициозни родители

    Детето – жртва на амбициозни родители

    Наметнување на сопствената волја

     

    Родителите често ги наметнуваат своите неисполнети желби и неисполнети очекувања од детството. Децата, од друга страна, пак, од желбата да бидат прифатени и затоа што родителите се нивните идоли, безрезервно ги прифаќаат барањата и ги задушуваат своите желби во обидот да се исполнат очекувањата на родителите.

     

    Децата често престанат рано да бидат деца поради влијанието на нивните родители. Родителите го користат фактот дека денес децата имаат голема техничка технолошка позадина и знаење го користат за да направат “чудо од дете” од нив.

     

    Успешни спортисти

     

    Психолозите, со големо внимание, го анализираат однесувањето на младите спортисти, нивните успеси, но и последиците што овие успеси ги оставаат на нивното воспитување.. Амбициозните родители често го игнорираат детството на децата и од нив прават личности под голем стрес. Децата, под ваков притисок, почнуваат да си поставуваат премногу високи цели и се многу самокритични. Таквото однесување е последица на желбата да ги задоволат родителите.

     

    Хиперактивност?

     

    Родителите најчесто, поради недостаток на време и трпеливост, ги карактеризираат нивните деца како хиперактивни и потоа се обидуваат да го окупираат нивното внимание со давање на задачи и обврски. Децата се природно желни за игра и предизвици, па со задоволство ја прифаќаат секоја нова обврска, а потоа тие стануваат заглавени со големи обврски.

     

    Доколку е потребно, родителите работат прекувремено за да им овозможат на децата курсеви по јазик, спорт и опрема. Детето талка од училиште на курс за јазик , па на тренинг, а всушност сака само да црта , да возат мали метални автомобил, си играат со кукли, прават играчки од пластелин или да гледаат цртан филм.

     

    Дефинирање на преамбициозни родители

     

    Животот на преамбиционите родители го сочинуваат серија мали борби. Тие имаат тенденција да бидат најдобри во сè, се им претставува предизвик и мислат дека секогаш можат подобро. Фантазираат да бидат релаксирани, животот да им биде полесен и помирен, почесто да патуваат, но не сфаќаат дека себе си и на семејство правилото они им го диктираат. По правило, тие се деца на исти родители или имаат комплекс за неостварени лични амбиции .

     

    Децата на овие родители, ако не потклекнат на почетокот, потклекнуваат како млади луѓе, или успеваат да се справат со сите обврски, и стануваат исти како и нивните родители.

     

    Комуникација пред сè

     

    Најважно е да развиете добра комуникација со детето од првиот ден. Вашата поддршка ќе му помогне да стане независно,да ги реализира аспирациите, да се пронајде себеси и да научат да уживаат во сите убавини на животот, и полесно да ги надминат тешкотиите со вашата поддршка. Тестирајте се каков родител сте.

     

    Воспитување на децата не е лесна задача, но многу важно да се балансира кон барањата поставени на децата, правилно воспитување, општо знаење на детето, вградувајки им здрави навики и, пред сè, давање на безрезервна љубов и поддршка.