Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

DHA – за правилен развој на мозокот на бебето

DHA – за правилен развој на мозокот на бебето

Сигурно сте слушнале колку се значајни DHA омега -  3 масните киселини за правилното функционирање на различните човечки органи. Но, дали сте знаеле дека омега – 3 DHA се од пресудно значење за процесите кои се случуваат во текот на растење на мозокот?

Најбрзиот развој и раст на мозокот на детето почнува уште додека е бебе во стомакот на мајката. Тој се случува во периодот кој го опфаќа последниот триместар од бременоста и трае се до втората година од животот. Всушност, во тек на првата година од животот бебешкиот мозок расте дури за 175%.

Првата бебешка насмевка, првото контролирано движење, првото смеење... за сето тоа е заслужен мозокот и неговиот интензивен развој.

Околу 12 – 15% од севкупната количина на DHA од целиот организам се наоѓа во сивата маса на мозокот. Поради тоа DHA е многу значајна за развојот на мозокот, когнитивните и ментални функции, учењето, концентрацијата, вниманието, памтењето, како и целокупниот развој во тек на целото растење.

Додека се во мајката бебињата добиваат DHA од својата мајка, а по раѓањето по пат на исхрана. Бебињата кои цицаат, DHA добиваат од мајчиното млеко. Поради тоа е важно мајките да внесуваат доволна количина на DHA по пат на исхраната, а ако тоа не го прават, препорака е да внесуваат доволна количина по пат на суплименти.

На доилките кои поради некоја причина не можат да остварат задоволувачка исхрана им се препорачува дневен додаток од 200mg DHA.

За новороденчињата и доенчињата кај кои не е остварлива задоволителна количина на DHA по пат на мајчиното млеко, а се исклучиво на природна исхрана, или се главно на природна исхрана (мешовита исхрана со преку 50% мајчино млеко во вкупниот внес на млеко дневно) – се препорачува дневен додаток од 100mg омега – 3 DHA.

 

 

Оставете коментар
Close