Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

До кога е оправдано да се вози детето во количка?

До кога е оправдано да се вози детето во количка?

Одењето и играњето се важни фактори за развојот на детето, меѓутоа многу родители тоа се почесто го забораваат. Еве до кога вашето дете треба да се вози во количка и поради што...

Движењето е основа на развојот, по едноставна аналогија може да се види дека живите суштества кои не се движат (растенијата) немаат нервни ќелии, а живите суштества кои се движат имаат. Најсложен нервен систем има човекот, па ако така се гледа, ние сме живи суштества за движење и јасно е дека човекот во голема мера го формира исправениот од.

Сериозен проблем е се почестата појава, родителите да ги возат своите деца во количка до втората понекогаш и до третата и четвртата година. Ако знаеме дека мозокот интензивно се развива во првите години на животот, а дека ние сме живи суштества кои треба да одат, јасно е дека детето мора да оди.

Овој проблем се гледа индиректно, затоа што има се повеќе деца со рамни стапала.  По некои истражувања преку 50% деца го имаат тој проблем. Пред дваесетина години имало околу 15% случаи на рамни стапала, спрема тоа ова не е генетски условено. Проблемот е што децата скоро и да не одат.

За жал постои и друг проблем, па место детето во развој да оди, трча, скока, се врти, прескокнува преку препрека, постојат ситуации кога детето повеќе време поминува покрај компјутер. Тоа не е активност која ќе помогне во вкупниот развој на детскиот биолошки потенцијал.

Компјутерот е корисен, само прашање е каде е границата, односно колку време детето може да поминува покрај него за да нема повеќе штета од корист. Најдобри се тие игри во кое детето размислува, се движи и комуницира со другите деца. Од ова доаѓаме до заклучок дека детето треба што повеќе време да поминува во природа и на игралиште.

Поради тоа избегнувајте ја количката кога детето ќе почне да оди, дајте му простор што повеќе да се движи.

Оставете коментар