Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Добивте бебе, ги изгубивте пријателите

Добивте бебе, ги изгубивте пријателите

Кога мажот ќе стане татко, блиските пријатели исчезнуваат без трага – на некое време.

Кога ќе добиете дете се се менува речиси преку ноќ. Тоа е време кога ви е потребна поддршка, од членовите на семејството, колегите и веројатно најважно – од пријателите.

Но, загрижувачките резултати на анкетата која е спроведена во Велика Британија по повод денот на татковците, покажуваат дека во голем број на случаите мажите ги прекинуваат пријателствата со оној од друштвото кој добил бебе.

Ова можеби не е неочекувано, поготово ако вие сте првиот во вашиот круг на пријатели кој станал родител.

Она што може да ви помогне да се чувствувате помалку “напуштено” е да се свртите кон познаниците кои имаат деца, наместо да се правите храбри и да држите се под контрола. Во првите недели по раѓањето на детето на сите им е потребна поддршка.

Тоа е прекрасно искуство, но умее да биде застрашувачко во некои моменти, поготово додека не се навикнете на фактот дека сега сте тројца.

Полесно ќе се носите со стресот ако имате со кого да ги поделите своите грижи и немојте да им се налутите на пријателите кои “испариле” од вашиот живот кога добивте дете. Тоа е природно. Ако сте биле прави пријатели, ќе се вратат, штом ќе ги фатите конците и ќе станете оној стариот. Дајте им некоја недела да се снајдат и што е уште поважно, дајте си самите себеси некоја недела, да се снајдете.

 

 .

 

Оставете коментар