Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Доматот во детското мени

Доматот во детското мени

Доматот е најомилената салата, не само поради убавиот изглед, туку и поради незаменливиот вкус и мирис.

Освежувачкиот благо-кисел вкус го прави да е една од идеалните салати во топлите летни денови. Освен што се конзумира свеж може да се преработи и како сок, пире, а може и да се суши во ароматичен зачин како додаток на јадењата.

Зошто е добар?

Доматот содржи голем процент на вода па помага да се рехидрира организмот во текот на летните горештини. Богат е со витамин Ц и Е, ниацином, витамин К, како и со фолна киселина.

Убавата црвена боја му ја даваат каротинот и ликопенот, кои позитивно влијааат на целиот организам. Тие се антиканцерогени супстанци, позитивно делуваат на состојбата на слузокожата и делуваат добро на видот.

Воведување на доматот во исхраната на децата мора да биде внимателно. Тој може да биде алерген, а неговата киселина понекогаш прави иритација кај осетливиот детски стомак. За почеток подобро е на детето да му се даде оброк во кој доматот е варен, или јадење од пире од домат и да се внимава на реакцијата, полека може да му воведете и свеж домат како салата.

Мора да се води сметка за односот на внесување на сол кај децата. Кечапот, или пирето од домат може да бидат многу зачинети, па затоа за исхрана на детето треба да се одбере некој со намалена содржина на натриум.

Се советува да не се воведува во исхраната додека детето не направи 18 месеци.

Доматот во Европа стигнал од новиот континенет во средината на 16-тиот век, но долго време е сметан за отровен. Дури во почетокот на 18-тиот век почнува да се одгледува и да се конзумира како растение кое се јаде. Неговата жолта варијанта станала популарна во медитеранските земји. Италијаните и денес го викаат “помодоро”, односно “помо д оро” што значи златно јаболко.

Доматот се одгледува во преку сто врсти, а бојата на плодовите варира од црвена, преку портокалова до жолта. Обликот исто така може да биде различен, па и кај нас освен вообичаениот, на кој сме навикнати, се почесто го гледаме и малиот чери домат.

Неколку интересни детали за доматот:

Кога ќе го донесете дома од пазар, не треба да ги ставате во ладилникот. Тој не ги сака температурите под десет степени, па подобро е да го чувате на собна температура.

Конзумирање на зелени плодови на доматот може да предизвика главоболка и стомачни болки, зелениот плод содржи алкалоид соланин, кој е отровен за човекот. Со созревање или со термичка обработка оваа супстанца ја снемува од плодот. Овој алкалоид го има и во пиперката, компирот и модриот домат. Додека кај пиперките и доматот оваа супстанца се губи со зреењето, кај компирот и модриот домат тоа не се случува, па затоа тие секогаш треба да се употребуваат термички обработени.

Каротените од доматот подобро се искористуваат ако доматот е термички обработен, на пример во облик на пастеризиран сок, кој кај нас често се спрема.

Оставете коментар