Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дополнување во исхраната за бебиња од 8-12 месеци-житарки

Дополнување во исхраната за бебиња од 8-12 месеци-житарки

Рецепти за дополнување во исхраната за бебиња од 8-12 месци-житарки

Во овој период во исхраната можете полека да воведете мали количини на зачини и храната место миксирана, да ја изгмечете со вилушка. Од млечните производи дозволени се јогурт и сирења, па можете да ги додавате во зеленчукот.  Тестенините и зеленчукот морате сеуште да ги варите, а овошјето можете полека да им го давате и сирово. Месото и протеините како жолчката од јајцата треба да бидат варени и измиксирани или иситнети на мали парчиња.

ЖИТАРКИ

Крем од ориз и суво грозје 8+

1/4 шолја кафен ориз

Ванила

1 шолја вода или бадемово млеко за бебиња (10+)

1/4 шолја суво грозје

Сомелете го оризот за да добиете оризово брашно, потоа измиксирајте го сувото грозје.

Провријте ја водата или бадемовото млеко со ванилата, брашното од ориз и сувото грозје. Намалете го оганот и варете постојано мешајќи 20-тина минути. Во готовиот крем по желба додадете изгмечена банана или јаболко.

Пудинг од ориз и овошје  8+

1/2  шолја ориз,

2 шолји вода

Пола јаболко исечено на тенки кришки

Една рака суво грозје

Лажиче цимет, пола лажиче ѓумбир, лажица кафен шеќер по желба.

Сите состојки варете ги околу 30-тина минути постојано мешајќи. Послужете го топло, остатокот чувајте го во фрижидер.

Тестенини со банана  8+

2 лажици ситни тестенини (ѕвездички или слични)

Вода за варење

1 банана,  мајчино млеко или АД млеко.

Сварете ги тестенините во вода спрема упатството на пакувањето.

Во испасираната банана додадете го мајчиното млеко или АД млекото и измешајте со тестенините.

Оставете коментар
Close