Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дознајте како да му помогнете на детето ако има страв од игла

Дознајте како да му помогнете на детето ако има страв од игла

Постојат неколку начини да го пребродите овој страв со вашето дете:

1.Кажете му ја вистината

Ако вашето дете ве праша дали ќе му стават инекција - немојте да го лажете. Убедете го дека инекцијата е нешто што го заштитува и објаснете му дека тоа не е казна. Немојте да му кажувате дека нема да боли затоа што детето ќе види дека го лажете и ќе ја изгубите неговата доверба. Место тоа, кажете дека малку ќе го боли но дека тоа трае многу кратко.

Кога ќе заминувате накај дома, имајте насмевка на лицето и покажете му на детето дека се гордеете со него.

2.Немојте премногу да му откриете

Немојте да му давате на детето премногу информации за претстојната посета на педијатарот. Ако вашето дете дознае порано тоа ќе му ја уништи цела недела и само за тоа ќе размислува. Ако не знаете што да му кажете, можете да пробате да бидете нејасни. Секогаш помага. Ако ги спомнувате често инекциите вашето дете ќе биде нервозно кај лекарот повеќе од другите деца.

3.Спречете ја физичката болка

Некои стручни лица сметаат дека е паметна идејата да се намачка местото со анестезиолошка крема дваесетина минути пред да се стави инекција за кожата да “отапи”. Прашајте го вашиот лекар кои се неговите препораки за типот на кремата која вашето дете може да ја користи. Во  текот на вакцинирањето трудете се да му го одвлечете вниманието на детето, така што ќе го стискате за рачето, правете му смешни изрази со лицето, раскажувајте му приказни, пејте...

Оставете коментар