Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дознајте колку бебињата треба да јадат

Дознајте колку бебињата треба да јадат

Првата мисла на секоја мајка е што и колку ќе изеде нејзиното дете. Ако детето е помало оваа грижа е поголема. Но, не треба да се грижите затоа што детето има способност на саморегулирање, односно јаде на основа на сопствените потреби. И детето кое се храни со вештачко млеко не ја губи оваа способност...

Колку бебето треба да јаде?

Почитувајте го апетитот на бебето и дајте му ја градата/шишето со храна секој пат кога е гладно, дозволувајќи му да изеде толку колку што бара. Ако лакомо ја испразни, значи дека му била потребна, ако остави половина, значи дека претходните оброци му биле сосема доволни и дека сега сака само да се забавува со вас.

Немојте веднаш да кревате паника, апетитот ќе му се врати веќе на следниот оброк.

Немојте да ги слушате оние кои ви зборуваат дека на детето не треба да му давате да јаде секој пат кога ќе посака, затоа што тоа ќе бара храна во секое време. Запаметете-вашето дете не се буди од навика туку поради глад (или поради некоја друга физичка потреба или пречка). Ако вие се прилагодите на неговите потреби, за кратко време тоа ќе си направи ред со времето на оброците.

Што се однесува до зачестеноста на оброците, треба да се води сметка и за времето кое е потребно за варење: на почеток на новороденчето му се потребни три-четири часа за да ја свари храната од едно шише. Како поминуваат месеците и количината на храната се зголемува, детето спонтано ќе го зголеми и растојанието помеѓу оброците и нивниот број ќе се намали.

Во принцип, детето во првиот месец на животот ќе има 6 оброци, од вториот до четвртиот месец ќе се намалат на 5, а подоцна со преминувањето на цврста храна, тој број ќе дојде до 4 оброци.

Оставете коментар