Овие 16 коцки од дрво, погодни од 2-годишна возраст, се идеални за развој на вештините за координација и моќта на набудување на вашето дете. Постарите деца ќе се забавуваат со користење на коцките за да ја научат азбуката и броевите од 1 до 10. Со врежаните букви го стимулираат чувството за допир на вашето дете. Големина на блоковите: 4,5 х 4,5 х 4,5 см.
Оваа стимулативна, креативна играчка содржи лавиринт со топчиња во разни бои, сортирач на форми, сметало, блокчиња за броење од 1 до 10 и многу други подвижни делчиња.
Совршена е за поттикнување на социјалноста и споделувањето, бидејќи со неа истовремено можат да играат повеќе деца.
Колоритна играчка која што содржи 6 прстени во различни големини и бои. Прстените се редат на базата од најголем до најмал. Ја поттикнува координацијата и движењето на малите рачиња.
Oвозможете им креативен простор за одлична забава на вашите деца. Купете им мебел кој не само што изгледа убаво, туку и ја буди детската фантазија .
Достапно во 4 бои; розева, сина. натур, зелена минт
Ја подобрува рамнотежата и координацијата
~Ја поттикнува кретивноста
- Го подобрува држењето на телото
~Го намалува ризикот од повреди
~Ги развива сите мускули на телото
~ Го зајакнува умот
~ Не се потребни инструкции
~ Може да го користат 0-100 години
Баланс игра од дрво. Направена е од фламинго чиишто крилја можат да се извадат, основа и 10 парчиња со изглед на пилиња.
Можат да ја играат два или повеќе играчи, а целта на играта е да се поставуваат пилињата на крилјата на фламингото без да паднат. Оној кому што ќе му се срушат, ја губи играта.
Обоена е со природни бои на водена основа.
Ослободете ја детската фантазија со овие шарени дрвени блокчиња.
20 блокчиња со различни големини, обоени во меки бои. Со нив децата ќе стекнат основна претстава за тежините, гравитацијата и поврзаноста помеѓу одредени елементи. Големиот број начини на коишто можат да се комбинираат, ќе ја поттикнат детската креативност.
Материјал Дрво
Возраст 2-6 г.
Воз за составување од локомотива и два вагона, коишто можат да се наредат со различните блокчиња. Ја поттикнува имагинацијата и ги подобрува моторичките вештини. Четиринаесетте дрвени блокчиња во различни форми ќе им помогнат на дечињата да ги научат боите и да ги направат своите први конструкции.
Прекрасен железнички комплет од 50 делови за превоз на патници и на товар.
Комплетот вклучува шини, локомотива, вагони, борови дрвја и други додатоци. Доаѓа во своја кутија за складирање, којашто станува дел од сценографијата. Со деловите коишто се прилагодени за мали раце, децата можат да изградат сопствен град. Оваа играчка помага да се развие координација на рацете и очите и просторната свесност, а е одлична и за стимулирање на играњето улоги, комуникацијата, креативните замисли и создавањето сопствени приказни.
Овој комплет е компатибилен со сите поважни сетови на возови со шини и може да се комбинираат.
НАГРАДИ: Номинирана за Top10 Toys 2020; номинирана за Golden Rocking Horse Awards 2020 година во Германија, Финалист на ASTRA 2020 Best Toys for Kids Awards.
Димензии на производот: 50 x 80 x 14 cm.
Димензии на кутијата: 32 x 21,5 x 23,5 cm.
Материјал: Дрво,пластика
Возраст: 3 г. и понатаму
Hape е еден од најголемите светски производители на дрвени играчки. Тие се водат од идејата дека иднината им припаѓа на нашите деца и создава играчки кои инспирираат игра, учење и истражување на светот во кој живееме. Сите производи ги исполнуваат, и почесто, ги надминуваат најстрогите меѓународни стандарди за квалитет и безбедност.
Трите топчиња поминуваат низ сонцето и низ облаците, а потоа низ тунелот. Откако ќе заѕвонат со ѕвончето стигнуваат во градината и порават гасеница. Преку следењето на движењето на топките, кај децата се подобрува острината на видот.
Прекрасна цик-цак кула илустрирана со животинчиња, којашто ги унапредува моторичките способности кај децата. Исто така, следењето со погледот на калемите што се лизгаат по патеката, придонесува за подобрување на острината на видот. Детето може долго време да се забавува гледајќи ги калемите што се тркалаат надолу и ѕвонат на малото ѕвонче.
Обоена е со природни бои на водена основа.
Убава 2 во 1 играчка за составување обоена со меки и модерни бои. Од едната страна изгледа како мече, а од другата како панда. Малата пчелка и цветот на којшто стои исто така се направени од неколку делчиња.
Обоена е со природни бои на водена основа.
Прекрасна играчка за туркање со многу меки и трендовски бои со насликани слатки животни што ќе им послужи на децата како поддршка додека учат да одат. Кога се тркалаат, топчињата одвнатре анимираат и ѕвонат удирајќи се едно од друго. Рачката може да биде одвртена и прилагодена за висината на вашето дете (две позиции). Боите се на водена основа.
Димензии 16.8 x 9 x 49 cm
Материјал Дрво ( иверка и црешово дрво)
Возраст 18-36 м.
Однесете ги вашите омилени играчки надвор на прошетка во лудата количка! Турнете ја количката за да заѕвони ѕвончето. Гумените прстени на тркалцата не оставаат траги на подот и го прават движењето на оваа количка многу тивко. Овој непослушен зајак има меки уши од филц, а убавите бои и црвените тркала со бели точки го прават многу стилски придружник.
Извонредна играчка во вид на абакус за учење на англиската азбука и на бројките. Постарите деца можат да учат да читаат, да пишуваат и да бројат. Зад секоја буква има илустрација на збор којшто почнува со таа буква (на пр. A за ‘’Apple’’, B за Ball итн.) Дизајнот е исклучително удобен за малите детски раце.
Ова сметало со букви има висока едукативна вредност и, со ваша помош, ќе го води детето кон секојдневно учење на зборови на многу забавен начин.
4 забавни желки со 12 различни форми и бои за редење. Им помага на бебињата да ги развијат моторичките вештини и координацијата. Четирите желки можат лесно да се спојат и одвојат една од друга.
Обоено со водени бои.
Оваа игра зо ѕидање, направена од 5 дрвени коцки ќе ги поттикне вашите деца во развојот на координацијата и на опсервациските способности.
Секоја страна на кцките е илустрирана со различна тема: Софи и нејзините пријатели, бројки, букви и париски пејзаж за сложување. Исто така, на сите блокчиња е изрежана различна форма.
Оваа шарена куќичка е идеална за учење на бои и форми, но и за играње со жирафата Софи во нејзината куќичка. Седумте различни блокчиња, коишто треба да се вметнат во куќичката, ќе им помогнат на децата во развојот на координацијата и вештината на рацете.
Совршена стимулативна играчка за учење на големините низ игра. Со дрвените блокчиња може да се игра на 3 начини: да се ставаат едно во друго, да се редат едно врз друго, или да се постават на соодветното место на подлогата. Исто така, децата можат да ги учат и боите, бидејќи секое делче има различна боја. Дрвената подлога е со силиконски ногарки, за поголема стабилност.
Погодна е за развојот на фините моторички вештини, координацијата, чувството за простор и за учење на формите и боите.
Обоена е со водени бои.
Извонредна играчка за рана возраст, којашто ќе им помогне на децата во развојот на моторичките вештини. Кога детето ја влече играчката, нозете на мечето се креваат и спуштаат произведувајќи звук со ксилофонот.
Должина на јажето за влечење: 50 cm. Тивки тркалца со гумен прстен. Бојадисана со водени бои.
Семејство зајачиња коишто може да ги водите со себе каде и да одите. Извонредна играчка за ран детски развој, којашто помага во подобрувањето на моторичките вештини.
Направена е од бука и цреша. Нозете на зајачињата се од имитација на кожа. Обоена со водени бои.
Семејство пајчиња коишто може да ги водите со себе каде и да одите. Извонредна играчка за ран детски развој, којашто помага во подобрувањето на моторичките вештини.
Направена е од бука и цреша. Нозете на пајчињата се од имитација на кожа. Обоена со водени бои.
Забавен придружник на малите дечиња, којшто ќе ги поттикнува да се движат и ќе ги воведе во светот на музиката на многу разигран начин.
Материјал Дрво
Димензии 20,5 x 8,9 x 20 cm
Возраст 1-3 г.
Трпението и концентрацијата се неопходни за да се направат сите различни форми во оваа баланс игра. Со шеснаесетте блокчиња во различни форми и бои, оваа магнетна игра им овозможува на децата да ја споредуваат тежината на различните елементи на забавен начин. Исто така, тие ќе можат да ги репродуцираат илустрациите зададени на приложените картички, за да ги подобрат координацијата и вештината на рацете. Оваа развојна играчка го развива и чувството за рамнотежа и ја подобрува концентацијата.
Обоена е со водени бои.
Со на оваа магнетна табла, вашето дете ќе ги учи боите со пополнување на цртежите со помош на многубојните плочки во разни бои! Големите кружни плочки се погодни за малите раце, а таблата ќе ја разбуди детската креативност! Содржи 10 двострани картички, 42 магнетни плочки и кутија со креди.
Димензии: 26.8 x 5 x 26.8 cm
Камион за транспорт на автомобили. Може да носи 4 автомобили, по 2 на двете нивоа. Едноставен е за користење: само повлечете ги црвените рачки наназад за да се спушти рампата и отворете ја вратата. Содржи 4 различни тркачки коли.
Оваа дрвена касичка со изглед на ЗАЈАЧЕ, ќе ги инспирира дечињата да ја полнат со монети и банкноти, а истовремено ќе биде и декорација во детската соба. Децата ќе можат да ја видат својата заштеда низ прозорчето на предната страна. Парите можат да се извадат од задната страна на животното, којашто се затвора со магнетно капаче.
Со оваа касичка, штедењето ќе биде вистинско задоволство.
Оваа дрвена касичка со изглед на прасе, ќе ги инспирира дечињата да ја полнат со монети и банкноти, а истовремено ќе биде и декорација во детската соба. Децата ќе можат да ја видат својата заштеда низ прозорчето на предната страна. Парите можат да се извадат од задната страна на животното, којашто се затвора со магнетно капаче.
Возете ги своите играчки насекаде во оваа прекрасна количка. Гумените прстени на тркалцата не оставаат траги на подот и го прават движењето на оваа количка многу тивко.
Прекрасна количка со дрвени блокчиња со различни илустрации и форми. Количката и блокчињата се насликани со модерни водени бои. Блокчињата се дизајнирани да помогнат во развојот на моторичките вештини кај децата и да помоганат во учењето на различните форми и бои.
Димензии 19 x 16.5 x 6.8 cm
Материјал Дрво / Wood
Возраст 18м+
Оваа прекрасна играчка за возење со форма на лисица е идеално прилагодена за развој на моторни вештини на децата и за рамнотежа. Таа ќе стане идеален придружник за да му помогне на детето да го одржи и да го најде својот баланс, додека му овозможува да го открие светот наоколу. Четирите гумени тркала на оваа играчка за возење обезбедуваат безбедно и стабилно возење. Висината за седиштето : 22,8 см.
Димензии 53 x 28.5 x 42 cm
Материјал Дрво
Возраст 12м-36м
Овој дрвен часовник е идеална играчка за да го научи времето додека детето се забавува! Вистински комплетен часовни за репродукција на часовите којшто содржи:13 модели на картички со дигитален формат на едната и аналоген на другата страна, за детето да ги запознае двата системи за читање на времето, 1 празна картичка за да се пишуваат други комбинации со користење на двата маркери кои се содржани (црвен за часовите и син за минутите), 6 картички за да се вметнат во оворот на часовникот: ден / ноќ и 4 картички за подобра визуелизација на поимите 15, 30, 45 и 60 минути. Рачката на часовникот се враќа кон назад за поголема стабилност. Боите се на водена основа.
Дрвена коцка со осум различни активности:
• Страна со ротирачко тркало полно со дрвени јајца во различни големини, коешто децата можат да го вртат со помош на дршката и ротирачкото копче со илустрација на месечина, коешто произведува звук и со тоа го стимулира слухот.
• Страна со 3 запчаници, огледало и гасеница што може да се превртува
• Лавиринт за развој на спретноста и опсервациските способности.
• 5 блокчиња во различни форми и бои.
• Спирала за развој на фините морорички способности, координацијата и концентрацијата.
Вашиот следен пикниг со сигурност ќе биде совршен со овој куфер што содржи 21 неопходни предмети за пикник: 4 чаши, 4 чинии, 4 мали лажички, 4 вилушки, 4 ножеви и текстилна покривка.
Димензии 25 x 9 x 25 cm
Материјал Дрво, картон, текстил / Wood, cardboard and fabric
Возраст 3-8 г.
Овој прекрасен дрвен кревет за кукли, со светкави детали, е идеален за успивање на куклите. Со неговата перница, душек и покривка со златни точки, „бебето“ ќе добие беспрекорна нега.
Соодветен за кукли со големина до 42 cm (куклата на фотографијата не е дел од производот).
Потребно е склопување.
Овие 2 прекрасни креветчиња се совршени за вашите бебиња да заспијат со нежен сон. Креветчињата можат да се разделат и да се постават едно покрај друго, или пак едно врз друго, со скаличка за пристап до повисокото креветче.
Со 2 перници, 2 душека и 2 покривки украсени со златни точки, тие ќе ви овозможат совршена грижа за вашите омилени бебиња. Соодветни се за кукли со големина до 42 cm (куклите на фотографиите се само за пример и не се дел од комплетот).
Четири активности комбинирани во една единствена кутија за носење: - Магична табла за цртање со игла. Едноставно, лизнете ја рачката одлево надесно и цртежот се брише како со магија! - Магнетна страна со 42 магнети (27 букви, 10 бројки и 5 знаци) за децата да ја научат абецедата и да ги извршуваат своите први пресметки додека се забавуваат. Црна табла со кутија со креда и четка. Бела табла за пишување со маркер за суво бришење (маркерот не е вклучен во комплетот). Вашето дете може да ја носи оваа пригодна играчка насекаде, користејќи ја рачката. Откако ќе заврши, сè се вклопува внатре.
Материјал Дрво
Димензии 37 x 4 x 30 cm
Возраст 3-8 години
Оваа масичка со активности, е совршено прилагодена за малите дечиња! Тие ќе можат да допираат сè и да учат додека си играат со игрите на неа: Кружна патека со 3 возила, 2 дрвја за редење, 3 спирали со топчиња, ветерница и мало ѕвонче, 3 запченици за вртење и 5 блокчиња со различни форми и бои.
Нозете се направени за да не се лизгаат, за поголема стабилност. Висината на масичката е 26.5 цм.
Оваа дрвена играчка е дел од колекцијата со меки бои Sweet Cocoon, којашто нежно го поттикнува раниот детски развој.
Наменето за возраст: 12 месеци и понатаму.
Димензии: 43 x 43,9 x 39,4 cm
Материјал: Дрво
Овој, многу елегантен сервис за чај, е идеален за послужување на вкусна закуска. Дечињата ќе уживаат во играта, послужувајќи ги со чај и со вкусни “колачи“ другарчињата и семејството.
Сервисот содржи 15 метални и дрвени додатоци.
Препорачана возраст 3 - 8 години.
Поддржете го интерестот на вашето дете за природата и за животните што живеат наоколу, со оваа убава дрвена куќичка за птици.
Влезот со дијаметар од 3 cm е соодветен за низ него да можат да влезат сите помали птици што живеат во нашите дворови. За полесно чистење, куќичката има вратичка што се спушта од едната страна. Има додатоци со коишто може со помош на жица, или завртки да се прицврсти на дрво или на ѕид. (Завртки и жица не се вклучени)
Музичка масичка со ксилофон, тапанче и чинела.
"Confetti" е комплетна линија на музички играчки на Janod, којашто ги буди сите сетила и ги воведува најмалите музичари во прекрасниот свет на музичката импровизација.
Возраст 1-3 г.
Димензии 40 x 25 x 15 cm (15.7 x 9.8 x 5.9")
Материјал Дрво, метал / Wood, metal
Гајбичка со 9 овошја и зеленчуци што можат да се сечат: тиквичка, морков, патлиџан, репка, круша, лимон, јабокло и јагода, како и штица за сечење, ноџ и цедалка... Се што е потребно за да се направат вкусни јадења.
Димензии на гајбата: 20,3 x 13,3 x 10,5 cm
Оваа дрвена пеперутка е составена од 8 форми што треба да бидат поставени на крилјата, за да децата да ги учат формите и боите додека се забавуваат! Помага при развојот на координацијата кај малите деца, затоа што мора да ги поврзат вистинските форми со соодветните места.
Оваа атрактивна проодувалка со повеќе активности е особено погодна за дечињата што проодуваат. Благодарение на рачката што може да се прилагоди во висина (47 до 53 см), оваа проодувалка е разновидна и се прилагодува на големината на вашето дете. Таа е соодветна за возраст од 12 месеци до 3 години: нејзината невидлива и отстранлива сопирачка може да ги заклучи тркалата (на 12 месеци) и да ги ослободува постепено, за да може вашето дете постепено да ја совладува брзината на одењето. Покрај одењето, детето ќе може да ги подобрува своите фини моторички вештини и умешноста со 8-те забавни активности: спирала, сортирач на облици, лизгач со глувче, спуст со глувче, запчаници, копче за звук, ротирачки очи и образи од текстил за развој на допирот. Конечно, со своите 4 тивки гумени тркала, се вози тивко и не остава траги на подлогата.
Потребно е склопување.
Убав сортирач на форми со меки, современи бои и во форма на мили животни. Сортирањето на шесте форми им помага на децата да ја развијат вештината на рацете додека се забавуваат.
Изработено од дрво и обоено со водени бои.
Димензии 15.2 x 18.2 x 16 cm
Материјал Дрво/Wood
Возраст 18м+
Оваа играчка не само што е забавна, туку и ќе им помогне на децата во развојот на фината моторика и на координацијата. Основата е во форма на лист, којшто истовремено е и сложувалка на којашто треба да се стават 3 форми. По спиралата се движат гасеницата, пеперутката, пчелката и бубамарата. Со оваа играчка децата ќе се се запознаат не само со различните инсекти, туку и со боите и формите.
Изработена е од дрво и обоена со бои на водена основа.
Материјал Дрво, метал / Wood, metal
Димензии 23.5 x 15 x 20.5 cm
Возраст 1-3г