Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Духовита табличка на детскиот сон: Колку бебето треба да спие?

Духовита табличка на детскиот сон: Колку бебето треба да спие?

Мајката блогерка Емили Џејн Кларк направи духовита табличка на детското спиење која ги прикажува работите какви што навистина се. Нејзината цел е да им покаже на родителите чии деца не спијат дека не се сами.

По низата на непроспиени ноќи, се прашувате што е нормално и колку вашето бебе би требало да спие. Мислењата на стручните лица можете да ги пронајдете во книгите и на веб порталите, а искуствата од другите мајки на форумите и друштвените мрежи, но една мајка блогерка ни откри се за спиењето на еден забавен начин.

Емили Џејн Кларк, авторка на блогот Stolen Sleep, е мајка на две девојчиња, Исла и Клеа кои не сакаат да спијат. Таа направи генијална табличка на детското спиење која ги прикажува работите какви што навистина се.

Вака изгледа нејзината табличка:

Колку моето бебе би требало да спие?

0-1   месец

Дневно спиење: Доволно да почувствувате малку задоволство.

Ноќно спиење: 0-12 часа (се додека не го спуштите на кревет).

1-3 месеци

Дневно спиење: 1-3 пати (но само во кола во тек на возење или во вашите раце).

Ноќно спиење: Не премногу поради честото хранење.

3-6 месеци

Дневно спиење: Само на вас. Не сте веќе така самозадоволни.

Ноќно спиење: Онолку колку ќе ви треба да легнете во кревет и да ги затворите очите.

6-12 месеци

Дневно спиење: Тешко.

Ноќно спиење: Не премногу. Сите кои ви рекле дека ќе спијат по воведувањето на цврста храна ве лажат.

1-2 години

Дневно спиење: Зар тоа воопшто постои?

Ноќно спиење: На кого му е гајле?

Емили со своите ќерки доживеа многу непроспиени ноќи и многу неуспешни обиди за заспивање.

“Кога е ноќта е добра, се будат на секои неколку часа, кога ноќта е лоша, се будат не секој половина час, а кога е навистина лоша, воопшто не спијат”, вели мајката која и на Facebook собра заедница на ненаспиени родители.

Авторка е и на првата книга поврзана со бебињата и спиењето без никакви совети, наменета на сите кои не можат да спијат поради своите бебиња.

Доколку пак се прашувате зошто плаче вашето бебе, стиснете ТУКА :)

Оставете коментар
Close