Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дури пет проценти од мажите покажуваат знаци на постпородилна депресија

Дури пет проценти од мажите покажуваат знаци на постпородилна депресија

Можат ли мажите да паднат во депресија после раѓањето на детето е прашање на кое многу истражувачи пробуваат да дадат одговор. Некои лекари отидоа корак понапред кога е оваа тема во прашање.

Лекарите од Универзитетската клиника во Франкфурт сакаа да најдат одговор на ова прашање па повикаа 300 парови кои учествуваа во студијата.

Истражувањето спроведено во Германија покажа дека 15% од мајките и 5% од татковците ги имаат симптомите на депресија после раѓањето на детето, кажа раководителот на франкфуртската студија Сара Кител – Шнајдер.

Освен потиштеноста, пореметувањето на сонот, недостатокот на енергија и негативните мисли, се јавуваат и чувства на немоќ кога е во прашање грижата за бебето и потешкотии во воспоставувањето на односот спрема бебето.

Депресијата на блиските личности се одразува и на бебето, кое поради тоа потешко се смирува, а освен тоа се забавува и развојот на моториката и говорот.

Лекарите претпоставуваат дека овие деца и самите подоцна заболуваат од депресија.

Оставете коментар