Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Движење на бебето - поткревање, качување

Движење на бебето - поткревање, качување

Поткревање

Откако бебето ќе го совлада ползењето, ќе почне да се поткрева држејки се за мебел, за полици за книги или за луѓето околу него. Додека да ја совлада и оваа вештина, следете ги следниве мерки на претпазливост за да спречите несреќи и повреди.

1. Создадете мека зона на пад. При рака имајте перница или меко ќебе и поставете ги под бебето кога тоа ќе почне да се поткрева.

2. Стабилизирајте го бебето со свои раце. Кога ќе почне да се поткрева, падовите ќе станат непредвидливи, се додека не се развијат рамнотежата, координацијата и мускулите на рацете.

Качување

Не мора да значи дека бебето ќе биде искусен "одач" пред да почне да се качува. Со ползењето и поткревањето полека ќе дојде и качувањето по скали, мебел и други предмети во домот, обично на возраст од околу 12 месеци.

1. Бидете близу. Моеби бебето успешно ќе префрли некоја пречка, но повеќето бебиња не се баш добри при спуштањето.

2. Потфатете го бебето кога се прекачува преку нешто. Бебето не е сосем свесно за сопственото тежиште и можно е да плесне на лице при слегувањето. Придржете го бебето додека го развие ова чувство.

3. Редовно надгледувајте го бебето додека се качува по скали. Пад по скалило може да биде крајно опасен за бебето. Едната рака постојано нека  ви биде на него, а водете сметка и за падови настрана и наназад.

Совет- Научете го бебето назадечки да се симнува од скали, столови и сл. Рачно свртете го бебето и помогнете му да се симне. Наскоро бебето ќе ги развие потребните вештини за ова да го прави само, но ќе треба да го нагледувате.

Оставете коментар