Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Емоционален развој: Зошто детето бара внимание и кога сме му најпотребни

Емоционален развој: Зошто детето бара внимание и кога сме му најпотребни

Зошто детето бара внимание и како би требале да постапуваме за да избегнеме лоши и трајни последици на развојот на неговата личност, ни открива еден терапевт, основач на Центар за природно родителство.

Сосема е природно и нормално во некои развојни фази кои се јавуваат околу првата година, децата да почнат да покажуваат потреба родителите, а особено мајката да бидат фокусирани на нив.

За жал, друштвото и понатаму смета дека тие потреби треба да се игнорираат и не ги поддржуваат, затоа што постои мислење дека така ќе се развијат во деца кои цел живот ќе бараат внимание.

Меѓутоа, во таа приказна фали информацијата дека тоа е еден природен процес во детето кога тоа формира чувство за себе и кога му е неопходно искуство. Тогаш на детето му е потребно да почувствува дека мајката чувствува што тоа почувствувало во себе.

Детето кое има многу такви искуства, продолжува да се чувствува самото себе, да има контакт со себе и да знае кое е.

Детето цело време пробува некои свои емоционални состојби да ги искомуницира со мајката, и тогаш ако не добие доволно внимание, фокус и ако не биде забележано, станува дете кое подоцна низ целиот живот ќе бара внимание и ќе пробува да го заврши својот развоен процес на психолошкиот развој и формирањето на чувствата така што ќе пробува да биде забележано од страна на другите (партнер, друштво).

Но и реакциите на незабележувањето можат да бидат поинакви, некои деца се наметливи, додека други можат болно да се повлечат во себе и да заклучат дека никого не го интересира како се чувствуваат. Поради тоа ќе мислат дека е подобро да се повлечени, затоа што сите, па дури и мајката ќе ги отфрлат и нема да ги забележуваат.

Оставете коментар