Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Ендометриоза и стерилитет – од поставување на дијагноза до бременост

Ендометриоза и стерилитет – од поставување на дијагноза до бременост

Еден од најголемите стравови на жените, на кои им е дијагностицирана ендометриоза, е дека нема да можат да останат бремени. Меѓутоа, шансите за успешно зачнување се поголеми отколку што мислите.

Ендометриоза е раст на ендометриумот (внатрешен слој на матката) надвор од материчната шуплина. Тоа не се случува само во матката, туку и на други места во абдоменот (стомакот) – како што се јајцеводите, јајниците и стомачната марамица од карлицата.

Околу 10% од неплодните парови се погодени од ендометриоза. За жените со тој проблем, месечните шанси за бременост се намалуваат од 12 до 36%.

Симптоми

Тешки, болни и долги менструации, ректално крварење и предменструално точкасто крварење. Меѓутоа, понекогаш воопшто не постојат симптоми, поради фактот дека не постои корелација помеѓу степенот на болеста и тежината на симптомите.

Колкави се шансите за забременување и што жените можат да направат како би ги искористиле сите можности?

Постојат три можни начини за забременување со дијагностицирана ендометриоза, а тоа се: по природен пат, со лапароскопска хируршка интервенција и вештачко оплодување.

Забременување по природен пат

Студиите покажаа дека жените во поодминат стадиум на ендометриоза имаат 2 до 10% шанси да останат бремени. Доколку ендометриозата е во почетна фаза (ниво I или II ) жената има многу добри шанси по природен пат да забремени, наведува магазинот Steady Health.

Во поединечни случаи се покажа дека терапијата со прогестерон или гонадотропин – кои ослободуваат хормон (GnRH), не се ефикасни во зголемувањето на шансите за забременување. Се покажа дека жените кои имаат ниво I или II стадиум на ендометриоза можат да останат бремени и без тие терапии.

Лапароскопска хируршка интервенција

Најточната дијагноза може да се постави само со помош на дијагностичка лапароскопија, метода која овозможува на лекарите директно да ја видат матката, јајцеводот и карличната шуплина.

Лапароскопската интервенција е смислена така што делови од ендометриумот се отстрануваат од сите околни органи, особено од јајцеводот, со цел на нивно враќање во нормална функција.

Студиите покажаа дека зголемен број на жени кои имале блага ендометриоза, кои забремениле после направен зафат, односно дури 63% од нив останале бремени во рок од две години после интервенцијата.

Треба да напоменеме дека ендометриозата може да се повтори, а дека со бројните интервенции шансите за бременост се намалуваат.

Вонтелесно оплодување

Шансите за забременување со помош на вонтелесно оплодување кај жените кои имаат ендометриоза се 39,1%, од сите старосни возрасти.

Истражувањата покажуваат дека успешноста на вонтелесното оплодување опаѓа, како степенот на ендометриоза расте.

Меѓутоа, глобално гледано, вонтелесното оплодување успешно ги зголемува шансите за бременост.

 

 

Оставете коментар