Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Еве зошто бебињата ја губат косата после раѓањето

Еве зошто бебињата ја губат косата после раѓањето

Во првите неколку недели и месеци од животот на бебето се случуваат големи промени.

Она што можеби новите родители не го очекуваат се влакната кои остануваат на душекот на нивното новороденче. Поточно, некогаш целата глава на нивното бебе станува ќелава. За среќа, губењето на косата кај новороденчињата ретко кога треба да биде загрижувачка состојба. 

Но без разлика дали новороденчето се родило со многу малку коса или со долга и густа коса, тоа ќе изгуби голема количина на влакна со текот на времето. Всушност губењето на косата значи дека новороденчето врши огромно прилагодување на животот надвор од матката.

На главата на возрасните луѓе секој прамен коса проаѓа низ фаза на раст и фаза на мирување, а кога косата не расте може да дојде до нејзино опаѓање. Како и да е, ретко се случува кај возрасните луѓе косата да опаѓа и тогаш кога е во фаза на мирување, а дневно се губат само 50 до 100 влакна. Меѓутоа тоа не важи за новороденчињата.

Големите хормонски поместувања се случуваат во телото на детето после неговото раѓање, што може да предизвика сите негови влакна да влезат во фаза на мирување истовремено и сите да опаднат за многу кус период – објаснува Саж Тимберлајн, педијатар од Универзитетот во Калифорнија.

И мајката и бебето поминуваат низ огромни хормонски промени во тек на породувањето, што е потребно за успешно породување. Почетокот на породувањето го предупредува бебешкото тело да почне да произведува хормони кои се клучни за живот надвор од матката.

Некои хормони им помагаат на вените и артериите на бебето да се развијат, осигурувајќи така органите да добијат доволно крв во тек на пораѓајот и после сечењето на папочната врвка, изјавува Тимберлајн за Live Science.

-Пораѓајот предизвикува позитивен шок на бебето. Тој шок предизвикува производство на кортизол, кој енергијата ја насочува спрема развојните промени кои се клучни за опстанок, а во исто време ги оддалечува од небитните функции како што е растот на косата – вели Тимберлајн.

После породувањето, цела коса на бебето останува во фаза на мирување. Косата обично почнува интензивно да опаѓа од 8 до 12 недела, а почнува повторно да расте од 3 до 7 месец од животот на детето. Се на се, дури околу втората година од животот се појавува густа коса. Специфичното време  за губитокот и растот на косата зависи од бројни фактори, вклучувајќи пол, етничка припадност, генетика, условите на раѓање (прерано, рано или доцно раѓање, вагинален или царски пороѓај) како и исхрана на детето.

 

 

 

 

Оставете коментар