Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Фобија кај децата

Фобија кај децата

Фобија е ирационален или претеран страв од предмети, ситуации или функции кои не се опасни. Фобијата се разликува од нормалниот страв кој е дел од развојот на детето или од стравот од семејните кавги. Фобијата од училиштето е на пример преголем страв, таа може да влијае на детето од 6-7 години и тоа ќе  одбива да оди во училиште.

Детето може да одбие да оди на училиште жалејќи се на разни причини како болки во стомакот, мачнина или други симптоми, само за да може да остане дома. Претераната реакција на детето може да биде условена и поради строгоста на учителот, момент кој може да го исплаши чувствителното дете. Во периодот од 10-14 години фобијата од училиште може да донесе сериозни психолошки проблеми.

Психолозите се согласуваат дека фобијата од училиште односно одбивањето да се оди на училиште, може да повлече многу други различни проблеми. Некои деца патат од така наречена “вознемиреност поради разделување” затоа што мораат да се одделат од родителите на влезот од училиштето, додека кај други оваа реакција е иста иако родителите се присутни во училиштето.

Некои деца патат од социјална фобија кога треба да читаат на глас или да побараат да одат во тоалет. Децата кои се подолго време отсутни од училиште поради болест излегуваат од вообичаената рутина, додека некои ги вознемирува и промената на училиште, загубата на другарите. Отсуството од училиште доведува до уште поголеми проблеми: децата заостануваат со училишните задачи, стравуваат што ќе кажат нивните другари, и ако им се дозволи да не отидат на училиште сите симптоми ги снемува.

Лечење

Помало дете со фобија треба веднаш да се врати во училиште поради заостанување со училишната програма. Ако фобијата е толку изразена што ги спречува активностите на детето и ако детето не реагира поволно на вообичаените охрабрувања, потребно е да се посоветувате со психолог или психијатар. Некои деца брзо се опоравуваат од фобијата кон училиштето, но подоцна работите се развиваат во потешко пореметување. Кај поголемите деца не треба да се брза со враќањето во училиште, треба прво да се процени нивната душевна состојба (менталниот статус).

Вообичаени  детски стравови

Стравот од темнина, чудовишта, бубачки и пајаци е вообичаен во периодот од 3-4 години. Стравот од повреда и смрт е честа појава кај децата. Страшните приказни, филмови и ТВ емисии често делуваат вознемирувачки и можат да го влошат стравот. Зборовите кои ќе ги кажат родителите во лутина предучилишните деца ги доживуваат стварно. Страмежливите деца  реагираат на новите ситуации со страв или повлекување во себе.

Детето треба да се утеши дека чудовиштата не постојат, дека пајаците не се опасни или дека ТВ емисиите не се стварни. Ако родителите кажат некои вознемирувачки зборови во лутина, тоа е потребно да им се објасни на децата и со тоа да им се намали стравот. На страмежливото  дете  може да му помогнете  ако  постепено го изложувате на стресни ситуации без притисок.

Оставете коментар