ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Гасови и надуено стомаче: Како да му се помогне на бебето
    Гасови и надуено стомаче: Како да му се помогне на бебето

    Гасови и надуено стомаче: Како да му се помогне на бебето

    Повеќето од бебињата кои се хранат со вештачко млеко патат од гасови и надуено стомаче.

    Ќе објасниме како настануваат овие тешкотии и како да им се помогне на бебињата да се ослободат од нив…

    Гасовите не се ништо друго туку воздух кој останува заробен  во цревата на бебето, кој го голта додека цица. Во продажба постојат специјални шишиња со вентил за одвојување на вишокот на воздух, но бебето во помала или во поголема количина сепак го голта.

    Тоа се случува и на деца кои се хранат со мајчино млеко, но е помалку изразено затоа што мајчините гради се така конструирани, за доенчето со устата да може да направи вакум околу брадавицата, со што се оневозможува продирањето на воздух во млекото. Бебето може и само да ја контролира брзината на протекувањето на млекото правејќи пауза во текот на хранењето.

    За да го смалите количеството на воздухот кој бебето ќе го проголта, водете сметка во која положба е бебето додека го храните.

    На тој начин млекото (заедно со малите балончиња) влегува во желудникот под остар агол, со што се смалува процентот на балончиња кој се задржува во желудникот. Покрај тоа, цуцлата во текот на процесот на хранење цело време мора да биде до врв исполнета со млеко. Со ова се постигнува двострана корист: има помалку балончиња, а се смалува и нивната големина.

    Природно исфрлање на балончињата

    Природно бебињата сами успеваат да се ослободат од вишокот на воздух: некои подригнуваат после хранењето додека некои тоа го прават штуцкајќи (понекогаш и толку долго, па родителите се грижат). Во двата случаи на природен начин се ослободува од притисокот во стомачето и тоа не треба да ги загрижува мама и тато.

    Понекогаш се случува кога бебето ќе подригне да исфрли и одредена количина на млеко, таа појава се нарекува бљуцкање и спаѓа во природниот пакет на мерки, во борба против балончињата во желудникот, па не треба са се меша со повраќање. Нејзини лоши страни се непријатен мирис на згрутченото млеко и дамките на облеката на мајката.

    Насилно исфрлање на воздухот

    Некои бебиња се природно талентирани за подригнување, бљуцкање и исфрлање на гасови, додека на други тоа не им поаѓа од рака. Во тој случај потребно е да им се помогне. Еве неколку начини како да го поттикнете бебето да подригне и да го исфрли вишокот на воздух од стомачето:

    -После завршување со хранењето подигнете го детето во исправена положба, ставете го на рамо и нежно потапкајте го по грбчето додека не подригне. Не заборавајте претходно да ја заштитите облеката!

    -Ставете го детето да седи во скут, свиткајте го нанапред поставувајќи му ја едната рака под градите, а со другата тријте му го грбчето.

    -Ако претходните два совети не дадат резултати, можеби третиот ќе помогне: ставете го детето да лежи на стомаче преку вашите колена. Нежно притискајте му го грбчето по должина на кичмата, а колената цупкајќи подигнувајте ги горе-долу.