Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Гените на бебето и мајката влијаат на породилната тежина

Гените на бебето и мајката влијаат на породилната тежина

Научниците утврдија дека породилната тежина има влијание на здравјето во подоцнежните години.

Бебињата кои се многу мали или многу големи при раѓањето имаат не само поголем ризик од компликации при раѓањето туку и поголем ризик од прекумерна тежина, дијабетес тип 2 и висок крвен притисок во подоцнежните години.

Користејќи ја новата револуционерна генетичка метода, истражувачите успеаа да разберат колку гените на детето и мајката како и околината во матката ја одредуваат тежината на детето при раѓањето.

Користејќи ги најновите статистички методи истражувачите открија дека 75% од ефектите одговорни за породилната тежина се препишуваат на гените на бебето. Гените на мајката влијаат со преостанатите 25%.

-Идентификувавме 190 врски на гени, помеѓу гените на мајката и гените на детето. Некои се дополнуваа, а некои се исклучуваа една со друга. Вкупно 190 од тие врски во глукозата во крвта, во инсулинот, влијаат на растот.

Растот е екстремно комплексен процес, затоа што многу хормони и метаболички процеси играат улога, па тим од научници сега работи на тоа, надевајќи се дека ќе востанови како се развива гојазноста и како може да се влијае на нејзино спречување.

Спрема истражувачите, новата метода потенцијално може да им помогне на родителите на децата кои имаат ризик да им овозможат подобар почеток на долг и среќен живот.

Оставете коментар
Close