Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Гимнастика за бебиња: Постепено стимулирајте ги мускулите на бебето

Гимнастика за бебиња: Постепено  стимулирајте ги мускулите на бебето

По три до четири недели по раѓањето, препорачливо е родителите постепено да почнат да ги стимулираат мускулите на бебето за да го забрзаат нивниот развој. После првиот месец, кога се будни, треба два или три пати на ден бебето да се сврти на стомачето: Оваа вежба ќе ви помогне да се зајакнат мускулите на вратот.

Од третиот месец па натаму, помогнете му на бебето да ги зајакне грбните мускули: фатете го за рацете и повлечете го кон вас, додека не дојде до седечка положба. Повторете ја вежбата неколку пати.

Од петтиот месец, за да се стимулира исправената глава, држете го бебето во рацете и брзо  движете се  или движете се во танцувачки чекор.

Околу седум и осум месеци, може да се зајакнат мускулите на нозете на бебето, па така ставете го бебето да застане на вашите колена, фатете го под пазувите и нежно подигнете го и спушете го како да скока.

Од десет месеци, па натаму, за стимулирање на вашето бебе да застане само, одалечете се два чекора од него и пружете му рака за да дојде до вас да го прегрнете, пуштајки го ако е подготвено само да стане.

Оставете коментар