Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА: ЧЕТИРИ РЕЦЕПТИ ЗА ОБРОЦИ СО ЖОЛЧКА

ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА:  ЧЕТИРИ РЕЦЕПТИ ЗА ОБРОЦИ СО ЖОЛЧКА

Кога бебето може да јаде жолчка и цело јајце? Во продолжение ви даваме одговор на ова прашање како и рецепти за вкусни оброци за бебето.

Неговото височество жолчката

Од петте грама чиста маст во жолчката, само 1,5 грама (31%) се заситени масти. Мононезаситени масти има вкупно 1,9 грама (38%) и полинезаситени масти 0,68 грама (14%). Односот на мастите во едно јајце е приближно тој што се препорачува за внесување: 1/3 заситени, 1/3 монозаситени и 1/3 полузаситени.

Кои нутриенти се кријат во јајцето?

Во жолчката се наоѓаат витамин A,D и E, витамин В12, холин, фолна киселина и витамин В6, 42% рибофлавин, 90% тијамин, 44% протеини и хранливи делови на јајцето.

Кога се воведува јајцето во исхраната на бебето?

Јајцата, поготово белката, се наоѓаат на листата на топ осум за алергија, затоа треба внимателно да се внесуваат во исхраната на бебето. Скоро сите педијатри се согласуваат дека поради хранливите материи кои ги содржи, жолчката е одлична храна за бебето кое нема алергија, и може да се воведе во исхраната на децата околу осмиот месец. Сепак, имајте на ум дека на бебето не треба да му давате белка пред една година.

Што се однесува до бебињата кои имаат алергија од јајце, добрата вест е дека алергијата сама поминува кога детето ќе наполни пет години, што е потврдено со многу студии.

Рецепти за првите оброци од жолчка

Тврдо варена жолчка

Новите студии покажале дека одложувањето на воведување на јајцето во исхраната на децата нема да го спречи појавувањто на појавата на атописките болести, затоа денес многу сугерираат дека на бебињата (кои немаат алергија на храна и јајца) во исхраната треба одма да им се воведе цело јајце. “Сега може да и кажеме на мајката - Ако го доите детето четири месеци и тоа не е во ризик за алергиска реакција, можете да му воведете било каква храна помеѓу шестиот и осмиот месец”, препорачуваат педијатрите.

  1.      Сварете го јајцето
  2.      Излупете го и пресечете го на половина
  3.      Извадете ја жолчката
  4.      Изгмечете ја жолчката и помешајте ја со млеко, јогурт, каша од јаболко или со што сакате и имате во моментот.

Совет: тврдо вареното јајце ќе го препознаете по тоа што се вари во круг во вода што врие.

Кајгана од жолчки

  1.      Искршете ги јајцата и одвојте ги жолчките
  2.      Загрејте маслиново масло или путер во тавата.
  3.      Изматете ги жолчките во чинијата заедно со млеко, или сок и истурете ги во тавата
  4.      Пржете ги на умерена температура, постојано мешајќи.

Вегетеријанска кајгана од жолчки (омлет за бебе)

Состојки:

Жолчки

Пире од зеленчук или овошје

Припрема:

  1.      Искршете неколку јајца и одвојте ги жолчките
  2.      Загрејте маслиново масло или путер во тавата.
  3.      Изматете ги жолчките во чинијата заедно со млеко, вода или сок и истурете ги во тавата
  4.      Додадете лажица пире од овошје или зеленчук и промешајте
  5.      Пржете на умерена температура, постојано мешајќи

 

Веге јајца и ориз

Состојки:

1 или 2 жолчки

1/4 пире или ситно исецкан варен зеленчук, како на пример морков, брокула или сладок компир

1 шоља варен кафеав ориз

Припрема:

  1.      Сите состојки измешајте ги и ако има потреба испасирајте ги до густината која вашето бебе може да ја јаде.
  2.    Загрејте ја тавата и додадете малку маслиново масло, искршете ги јајцата, и одвојте ги жолчките. Жолчките изматете ги со малку млеко, сок  и истурете ги во тавата. Додадете го оризот и зеленчукот, измешајте се и пржете додека не сметате дека е готово.
Оставете коментар