Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ГРЧЕВИ КАЈ БЕБЕТО

ГРЧЕВИ КАЈ БЕБЕТО

Зошто се јавуваат грчеви кај бебето?

Кога се јавуваат грчевите ?

Како да знам дали моето бебе плаче поради грчеви?

Што да правам ако моето бебе има грчеви?

Може ли да дојде до компликации ако грчевите долго траат?

 

Зошто се јавуваат грчеви кај бебето?

Правата причина зошто се појавуваат грчеви кај бебето не се знае, но постојат неколку недокажани теории за причините за појавување на грчевите:

  Бебето не го поднесува млекото (бебињата кои цицаат имаат грчеви исто како и бебињата кои се на вештачко млеко)

  Цревата кај бебињата се недоволно развиени е се случуваат спазми(грчење на цревата)

  Присутна е привремена хормонска нерамнотежа

  Новороденчето има голем темперамент, хипертоничното бебе често плаче и е вознемирено

  Нервниот систем на бебето е претерано осетлв на надворешниот свет и добива преголема стимулација

Кога се јавуваат грчевите?           

Две до три недели по раѓањето се јавуваат периоди на вознемиреност кои обично траат до третиот а најкасно до четвртиот месец. Се јавуваат обично помеѓу доењата во попладневните часови.

Како да знам дека моето бебе плаче поради грчеви?

Бебето плаче силно, ќе поцрвени во лицето, нервозно ги мрда рацете и нозете и се грчи. Карактеристично е да ги мрда нозете кон стомакот, ги стега тупаниците и ја зголемува својата активност. Плачењето, кое по некој пат е сосема неутешно, може да трае со часови.

Што да се прави ако бебето има грчеви?

Ако вашето бебе плаче подолго време, потребно е да утврдите дали има некои медицински причини за така силно плачење (воспаление на средното уво или затнато носе). Ако се сомневате во тоа дека не се само грчеви, однесете го на педијатар.

Ако бебето е здраво, и не е гладно, жедно или мокро-тогаш тоа има грчеви. Најважно е да знаете дека е во прашање релативно честа состојба која не остава никакви последици. Сега треба да се охрабрите, да останете со ладна глава и да не паничите.

  1. Земете го бебето во прегратка, нежно лулајте го или носете го низ домот.
  2. Замотајте го бебето во ќебенце, за да се чувствува попријатно па лулајте го во количка или колевка.
  3. Можете да го носите во носилка цврсто припиено до вашите гради. Бебињата сакаат да го почувствуваат чукањето на мајчиното срце кое ги смирува.
  4. Некои бебиња се смируваат со возење во автомобил.
  5. Масирајте и го стомачето, претходно намачкано со топло бебешко масло.
  6. Ставете на бебиното стомаче претходно загреана пелена  и нежно масирајте му го болото стомаче.
  7. Дајте му на бебето чај од билки од коморач и ким кој ги ублажува болките од грчевите(ги разлага гасовите)
  8. Дајте му на бебето сируп за смирување кој се прави во апотека. Давајте му по упатствата на педијатарот.
  9. Пејте му на бебето песни за смирување, но тивко и сосема до нејзиното уво. Можеби  ќе ја заинтересира песната па ќе престане да плаче за да може да слушне.
  10. Преиспитајте ја својата исхрана ако го доите бебето. Изфрлете ја храната која подува (грашок, грав, зелка) смалете го внесувањето на газирани пијалоци, кафе, чоколадо, бибер, лути пиперки, чили и други јаки зачини.
  11. Оставете го бебето малку само во креветчето во мирна соба, со тивка музика која смирува (Моцарт, Бетовен), можеби по неколку минути плачење бебето само ќе се смири.

Може ли да дојде до компликации ако грчевите траат долго?

Нема да дојде до компликации. Бебињата кои имале грчеви ќе бидат подеднакво среќни, паметни, развиени исто како и бебињата кои немале грчеви. Бебињата кои имаат грчеви, освен плачењето кое трае со часови, сосема добро напредуваат и изгледаат здраво, добиваат на тежина и растат во должина.

 

Оставете коментар