Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Хигиена на бебешката гардероба

Хигиена на бебешката гардероба

Пред да се роди бебето, потребно е да се испере целата купена облека, новата облека секогаш содржи во себе некои хемикалии против микроби и гливици. Различните ткаенини треба да се перат на различна температура, на етикетите може да се најде упатство, со што ќе го спречите уништувањето на облеката.

Облеката на бебето секогаш треба да се пере посебно од облеката на возраните.

Облеката во боја се пере на 40 степени, белата на 60 степени, додека памучните пелени, пешкирите и се што доаѓа во директен контакт со кожата на бебето, се пере на најголема температура од 90 степени. Кожата на бебето е многу чувствителна и може да реагира на одредени соединенија кои се наоѓаат во прашокот за облека. Секогаш после перењето еднаш до два пати вклучете го плавењето на облеката. Прашокот најдобро е да биде течен и исклучиво наменет за перење на бебешка облека. Водете сметка прашокот и омекнувачот да бидат благи, со нежен мирис, да бидат биоразградливи и да содржат адитиви од природно потекло. На амбалажата мора да биде назначено дека се дерматолошки тестирани за чувствителна кожа, а ознаката 0+ значи дека може да се користат од најраната возраст, односно од раѓање.

Оставете коментар
Close