Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ХИПЕРКИНЕЗИЈА: ЧУВАЈТЕ ГИ ГЛАСНИТЕ ЖИЦИ НА ДЕЦАТА

ХИПЕРКИНЕЗИЈА: ЧУВАЈТЕ ГИ ГЛАСНИТЕ ЖИЦИ НА ДЕЦАТА

Детето кое претерано го користи гласот односно често врeска и зборува со висок тон треба да го прегледа психолог, а најважна е анализата на гласот (логопед, педагог за гласот, фонетичар). Важно е и испитувањето на слухот, затоа што можно е детето да зборува гласно бидејќи слухот му е оштетен.

Истражувањата покажуваат дека децата кои претерано се служат со гласот и често гласно зборуваат по правило се динамични, интелегентни и доминантни. За да се злоупотребува детскиот глас допринесува и околината во која живееме и комуницираме, како и влијанието на електронските медиуми (имитирање на гласовите од цртаните филмови кое многу ги оштетува гласните жици).

Хиперкинезија (претерано користење на гласот) и нејзините последици може да се лечат со применување на упатствата за чување на гласот и гласните жици, вежбите за гласот, понекогаш во комбинација со употреба на некои лекови. Чворчињата на гласните жици по правило не се оперираат, се пробува да се излечат со конзервативни методи.

Меѓутоа, долготрајните чворчиња често отврднуваат, па треба да се отстранат со помош на техника на микрофонохирургија. Ако тврдите чворчиња не се отстранат на време, може да ги оштетат и другите делови на гласните жици кај детето.

Некои промени на гласните жици не е можно да се спречат, но може многу успешно да се лечат. Од друга страна, промените кои настанале како последица на гласната хиперактивност на детето може да се спречат со избегнување на надвикувањето, довикувањето, врескањето и карањето, како и со усвојување на комуникација со нормален тон, односно културна гласовна комуникација. За сето тоа важна улога има семејството, градинката, училиштето и медиумите.

Значи, родителите треба уште од најрана возраст да влијаат на детето, што повеќе да се служи со гласот, но да научи да не вика односно да зборува смирено и урамнотежено. Многу е важно мајката и таткото да му се обраќаат на детето со смирен, топол глас, затоа што ако детето навикне на околина каде што сите викаат и самото ќе комуницира на тој начин.

Оставете коментар
Close