Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Хипотонус или млитавост кај бебето

Хипотонус или млитавост кај бебето

Млитавост или хипотонус е намалување на мускулниот тонус, а може да се препознае по изостанок на отпор при изведувањето на пасивни движења. Без оглед на тоа што не претставува сериозен проблем, неопходно е пратење од страна на лекар физијатар. Дури после детални прегледи и одредено време во кое детето се стимулира и се прати неговиот моторен развој, може да се заклучи дали постојат пореметувања на неуромускулниот систем.

Предвремено родените бебиња и оние со пониска оцена по раѓањето се под поголем ризик од појава на млитавост. Затоа сите тие се опфатени со програма за следење и ран третман при пречки во психомоторниот развој.

Како хипотонијата се одржува на забавен моторен развој, бебето со програмата на вежби се стимулира како тонусот би се нормализирал и би се изедначило темпото на психомоторниот развој. На родителите обично им е тешко да ја воочат млитавоста кај детето, затоа е важно да имаат одредени насоки кои во тоа би им помогнале.

Рефлексот на фаќање со рацете и прстите на нозете – ако со прстите ги допреме дланката или табанот, прстите и палецот веднаш се затвораат околу нашиот прст.

Едномесечно бебе кога ќе го ставиме на стомак на кратко ја подига главата и ја врти на едната и на другата страна. Кога лежи на грб главно завзема асиметрични позиции додека гледа во вашето лице.

Кон крајот на вториот месец раката полека се отвора, бебето се наслонува на подлактици и ја држи главата на средина кога е на стомак. Реагира со цело тело пробувајќи да го дофати вашето лице со рацете и ги прати предметите кога е на грб.

Со три месеци рацете веќе не се стиснати, си игра со прстите, ги набљудува и ги става во уста. Со ослонување на лактите кои се пред рамењата почнува да се исправа, мотивирано со играчка ја подига и главата. На грб со подигнати нозе почнува да си игра, не лежи веќе асиметрично, главата му е во средишна линија.

Си игра на стомак со четири месеци, се ослонува на една рака додека со другата ја зема играчката. На грб фаќа со рацете и нозете.

Со пет месеци ги пружа лактите и “плива” ако здогледа играчка која не може да ја дофати. Ги подига нозете во висина, наизменично ги испружува и ги собира нозете и се спрема за вртење. Пипка и фаќа играчки што покажува на добра контрола околу рацете и почнува да ги префрла предметите од рака во рака.

Се ослонува со испружени лактови на отворени дланки на стомак со шест месеци и се врти од стомак на грб.

Ова е редоследот на развојните движења за бебе до 6 месеци и тие се за родителите информација како би знаеле што треба да очекуваат на која возраст и да реагираат на изостанување или прерано јавување на одредени појави со задолжително обраќање на лекар физијатар.

 

Оставете коментар