Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Храна која треба да ја употребувате во кашите

Храна која треба да ја  употребувате  во кашите

Секоја мајка  го сака најдоброто за своето дете, а се повеќе и повеќе се одлучува за подготовка на каши дома. Списокот на храна што може да се користи за оваа намена е долг, но секогаш може да се додадат некои нови сосотојки.

Лен

Ленот е природен лаксатив и совршен извор на омега-3 масни киселини кои имаат позитивно влијание врз развојот на мозокот и нервниот систем, а ја зголемува и  апсорпцијата на витамини. Со својот благ вкус лесно ќе се вклопи во сите видови на каши од овошје и зеленчук, а исто така ќе послужи и за згуснување на кашата.

Чиа семе

Во последниве години тоа стана попопуларна состојка во здравите оброци. Чиа семето содржи 60 проценти омега-3 масни киселини и е богато со влакна, така што ќе го реши проблемот со бебиња ако имаат  запек и ќе го регулира варењето на храната.

Грчки јогурт

Тој е богат со калциум, но сиромашен со јаглени хидрати. Во споредба со други јогурти, тој е побогат извор на протеини. Совршено се вклопува со сите видови овошни каши.

Млеко, кое не е млеко

Млеко добиено од кокос, коноп, соја или ориз е добар избор во подготовка на каша за деца, или како додаток за деца кои имаат алергии на млеко од животинско потекло.

Авокадо

Авокадо е богато со здрави масти и фолна киселина. Тоа има кремаста текстура и благ вкус и ќе се вклопи во сите каши  што нормално би се подготвиле за детето. Покрај тоа, речиси и да нема бебиња кои се алергични на авокадо - тоа може да се користи уште за време на воведување на цврстата храна.

Оставете коментар