Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Идеално време кога бебето треба да се искапе за подобар сон

Идеално време кога бебето треба да се искапе за подобар сон

Со генерации слушаме како со бебињата е најважна рутината, било да е тоа за спиење, хранење или капење. Меѓутоа постои едно специфично време (и температура) поради кои бебето многу подобро ќе спие, покажува едно истражување.

Кој родител не сака подобар ноќен сон за бебето? Родителите се спремни се да пробаат како детето би им спиело цела ноќ. Ги следите сите препораки и совети за капење, но дали знаете дека постои идеално време за капење?

Кое е оптималното време за капење?

Група на биомедицински инженери од Универзитетот Тексас во Остин анализираше податоци од илјада студии за влијанието на купката за подобар сон. Односно, како телото се загрева во када или под туш, како и учинокот кој го имаат на сонот.

Резултатите објавени во Sleep Medicine Reviews, дојдоа до заклучок дека детето е најдобро да се искапе еден час до два часа пред спиење. Ако детето оди во кревет во 20:00, погрижете се да има убава топла купка помеѓу 18 и 19 часот.

Температурата е клучна

Уште еден фактор кој истражувачите го открија е оптималната температура. Се проценува дека водата мора да биде помеѓу 40 и 42,8 степени.

“Кога ги прегледавме сите познати студии, забележавме значајна разлика во пристапите и наодите”, вели dr. sc.Shahab Haghayegh од заводот за биомедицинско инженерство и главен автор на студијата. “Единствен начин за прецизно да се утврди дали сонот навистина може да се подобри беше да се искомбинираат сите минати податоци и да се погледне низ еден нов објектив”.

Познато е дека топлите купки и тушеви го стимулираат терморегулацискиот состав на телото, ја подобруваат циркулацијата, но и помагаат на природниот ритам на спиење.

Оставете коментар