Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Играчки да, но кои?

Играчки да, но кои?

Ако се сомневате кои играчки да ги купите, одговорете на овие прашања и ќе откриете кои играчки се добри за вашето дете.

Кои посебни способности и интересирања ги има вашето дете?

Кои играчки влијаат на неговиот развој? (ако сега има потреба за движење, купете му велосипед, а не коцки.)

За што има место?

Не купувајте играчки кои ви се допаѓаат на вас, таквите играчки обично бараат големо внимание од децата. Премногу мали играчки ја окупираат собата. Затоа избегнувајте ги прехрамбените производи кои имаат играчка во себе. Роднините со радост носат играчки. Замолете ги да донесат боички, блокче, пластелин... Тоа ја поттикнува креативноста и никогаш не е на одмет. Кадифените играчки се убави, но многу брзо стануваат само собирачи на прашина. Купете ги само ако детето ги побара.

НЕ, за играчките од мека пластика

Се почесто се предупредува за здравствените ризици поврзани со хемикалијата која некои играчки ја содржат. Се работи за хемиска состојка која се додава на поливинил хлоридот како би овозможило полесно да се допира до кожата.

Затоа има голема примена и често се користи за производство  на предмети од мека пластика или гума, како и играчки за мали деца и животни. Стручните лица затоа се погласни во своите барања упатени до родителите да избегнуваат купување на играчки од мека пластика.

Дека се работи за сериозни стравови, зборува и податокот дека во САД од февруари 2009 година на сила стапува забрана за производство и увоз на предмети направени од овој тип на пластика.

Агенциите за успешно избегнување на опасни играчки го предлагаат следното:

-Не купувајте играчки кои се направени од ПВЦ (поливинил хлорид) пластика. Овие играчки содржат хемикалија и покрај тоа што тоа не е нагласено на истите.

-Избегнувајте препарати за негување на бебето кои содржат xylene, toluene или phthalates.

-Избегнувајте ефтин накит за бебиња, привезоци за клучеви и слични производи, затоа што повеќето од нив содржат олово.

-Избегнувајте ситни играчки со кои детето може да се задави, особено ако се работи за деца помали од три години.

Оставете коментар