Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Игри кои го развиваат детскиот интелект

Игри кои го развиваат детскиот интелект

За почетниот развој на фунционалното мислење најважен е периодот од третата до седмата година. Впрочем 50 посто од синапсите на мозокот се развиваат до петата година, уште 25 посто до седмата, остатокот до дванаесетата и само уште еден посто до крајот на животот.

Игрите и детскиот интелект

Вежбите со ротација, кога детето со раширени раце се врти околу својата оска доведува до создавање на поголем број на врски помеѓу неуроните што влијае на развојот на интелектуалните способности. Тоа е одлична вежба и за развојот на моториката.

 

Одбраните игри со топка развиваат акомодација на окото, која е важна за способноста за концентрација при учењето. Учењето на апстрактни симболи (марки на автомобили, знакови, знамиња...) како и поврзувањето на предметите кои се нацртани на едниот крај од картонот со називот напишан на другиот крај доведуваат до развивање на брзина на размислување и заклучување, па со овие навидум обични игри се формира центарот за апстрактно размислување кое отвара пат кон репродуктивното и функционалното знаење.

Резултатите се загарантирани ако игрите се применуваат секој ден по 15 минути.

За развој на логиката и логичкото заклучување се користат приказни со загатки кои се прилагодени на возраста на децата.

 

Оставете коментар