Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Икање кај бебето: Како да го сопрете и што не треба да правите

Икање кај бебето: Како да го сопрете и што не треба да правите

Икањето не му нанесува штета на бебето. Додека на возрасните икањето може да им предизвика нелагодност, кај бебињата истото предизвикува само мала вознемиреност.

Новороденчињата често икаат, а нормално е тоа да трае и до осум минути. Научниците сметаат дека така учат да го контролираат дишењето. Тогаш им се поврзуваат два мозочни брана со чувстото во градите, а третиот е реакција на звукот поврзан со контракција. Икањето предизвикува нагло движење на дијафрагмата, па така мозокот го “тренира” бебето да го контролира тој мускул.

Икањето почнува уште во утробата, а зачестено е неколку месеци по раѓањето затоа што дијафрагмата сеуште не е способна во потполност да го контролира протокот на воздух.

Како да го сопрете икањето кај бебето?

Икањето не му нанесува штета на бебето. Додека на возрасните икањето може да им предизвика нелагодност, кај бебињата истото предизвикува само мала вознемиреност. Обично е добро да се остави детето да го сопре икањето. Ако сте загрижени можете да:

-Направите пауза за бебето да подригне – кога желудникот ќе се исполни со воздух, може да ја турне дијафрагмата, предизвикувајќи грчеви. Со земањето на пауза од хранењето до подригнувањето бебето може да го намали воздухот во стомакот. Тоа може да спречи икање.

-Користете цуцла лажливка – може да помогне да се опушти дијафрагмата и да се спречи икањето.

-Масирајте го грбот на бебето – триењето на грбот и лулкањето напред - назад може да му помогне да се опушти, што може да ги запре грчевите кои ги предизвикува икањето.

 Што не треба да правите?

-Да потскокнувате со бебето или да го тресете.

-Да му го извлекувате јазикот.

-Да му давате да пие вода додека е наопаку.

 

Оставете коментар