Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Интервју со Спец. Педијатар Маја Ангелеска на тема родилната тежина на новороденчињата

Интервју со Спец. Педијатар Маја Ангелеска  на тема родилната тежина на новороденчињата

Babyshop.mk Од што зависи родилната тежина на едно бебе?

Спец.Др. Тежината на новороденчето пред се зависи од гестациската старост, односно од тоа колку време бебето растело во стомакот на мајката. Тоа може да биде добар показател за општото здравје на новороденчето. За нормлана родилна тежина, се смета бебе родено во гестациска недела од 37ма до 40та недела што значи еутрофично новороденче кое би требало да има килажа од 2500 до 4000g. Бебе родено под 2500g се смета дека бебето е хипотрофично односно тоа значи дека е родено со пониска родилна тежина, а пак бебе родено со родилна тежина над 4000g се смета за хипертрофично. Сепак не постои идеална бројка, бидејќи бебе со пониска родилна тежина може да биде здраво и бебе со поголема родилна тежина може да има здравствени проблеми.

Постојат фактори кои се многу битни. Еден од нив е гестациската старост како што веќе спомнав погоре и дали станува збор за прематурно односно предвреме родено бебе или постерминско новороденчиња. За сите овие важат различни бројќи. Може да се роди предвреме бебе кое одговара на гестациската недела и бебе кое е родено после терминот и да е со пониска родилна тежина. 

Генетскиот фактор кој се наследува од двајцата родители игра улога за тоа колкаво е бебето. На пример, доколку родителите се поситни, најчесто и новороденчето е помало и обратмо. 

Освен генетиката како битен фактор, се јавува и здравјето на мајката. Недостатокот на хранливи материи и кислород кои новороденчето ги добива од папочната врвца има одраз врз неговото целокупно здравје како и родилната тежина. Доколку бебето не се храни доволно добро тоа е индикација дека кај мајката постои некаков здравствен проблем. Најчесто проблеми кои се јавуваат во ваков случај се срцеви проблеми, повисок крвен притисок, респираторни проблеми, проблеми со бубрезите, конзумирање на цигари, алкохол, дрога може да доведе до пониска родилна тежина. 

Од друга страна пак доколку мајката има гестациски дијабетис или нетолеранција на гликоза во бременоста, тогаш доаѓа до покаќување на шеќерот кај бебето и предизвикува покачување на неговото ниво на инсулин, што пак доведува до тоа бебето да биде покрупно. 

Babyshop.mk Др. Маја, бебињата по нивното раѓање губат во тежина. Колкава бројка е дозволена и нормлана ?

Спец.Др. Пад на родилната тежина кај бебињата е физиолошки пад кој се должи на исфрлање на мекониумот (првата столица на бебето), потоа на транспирација на течности преку кожата на бебето, губиток на верникс (белата обвивка со која се раѓаат новороденчињата), кој што колку е бебето порано родено, толку е таа поголема, задоцнето доаѓање на млеко кај мајката. Падот кој се случува над 10% од вкупната родилната тежина е показател дека нешто не е во ред. Причини за тоа можат да бидат: лоша адаптација на бебето со мајката, дали го прима колострумот (првото млеко) од мајката, дали мајката има доволно млеко, правилно доење периоди помеѓу доењето. Овој пад се случува во првите 3 дена од раѓањето. 

Преку мерење на телесната тежина на новороденчето која неделно треба да изнесува од 150-250g, ќе се утврди дали бебето напредува.

 

Babyshop.mk  Како треба да изгледа столицата кај едно новороденче ?

Спец.Др.Изгледот на столицата кај новороденчето зависи од неговата исхрана односно дали е на мајчино млеко или млечна формула. Децара кои се на ексклузивно доење (само на мајчино млеко), имаат златно жолта столица, со специфично слатко кисел мирис, кашеста по конзистенција со ситни грутчиња. Овие бебиња, може да имаат и до 10 пати на ден столица, односно после секој оброк. Кај овие бебиња исто така е важно дали бебето испило од предното млеко односно од млекото на мајката кое има надојдено во првите 0-15 минути во текот на подојот кое е поретко и богато со млечен шеќер а калориски посиромашно. Со ова млеко, столицата на бебето може да биде со зеленикаста боја, додека пак бебињата кои цицаат подолго во текот на еден подој, кои го пијат и задното млеко кое е богато со млечна маст имаат е со златно жолта боја. 

Бебињата кои се на млечна формула имаат густа пастозна столица, со боја на кафеавкасто до маслинесто зелена конзистенција и тоа со појак и понепријатен мирис од столицата на бебињата кои се на доење. 

Изметот кај бебињата може да зависи и од храната која ја конзумирала мајката. Од некои суплементи како на пример додаток на железо, може да е со примеси на слуз (што може да биде загрижувачко, но може и да е знак на некаква инфекција или алергија). 

Примеси на крв или црна столица е показател за присуство на поголема количина на крв во столицата, белата столица е показател за болест на хепарот (црниот дроб) и жолчните патишта.

Доколку родителите ги увидат овие состојби, треба да се консултираат со педијатар. 

За крај, огромна благодарност до Специјалист педијатар Маја Ангелеска  од болницата Санте Плус Хоспитал од Скопје која и покрај големите обврски периодов најде време за нас и нашите читатели. 

 

Оставете коментар
Close