Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Исхрана на бебето: Како да одберете правилно шише?

Исхрана на бебето: Како да одберете правилно шише?

Да се купи шише за бебето веќе не е едноставна задача, затоа што на пазарот се наоѓа голем избор на брендови, но и големини и видови на шишиња. Шишето кое ќе одговара обезбедува мирен и сигурен оброк за бебето, а новите паметни шишиња имаат и здравствена улога, односно служат за лечење и спречуваат разни проблеми за време на оброкот.

Изборот на шише е особено важен доколку бебето го доите и го дохранувате со млечна формула, затоа што ако на бебето не му одговара обликот на цуцлата, тоа може да ја одбие, исто како и дојката.

Карактеристики на добро шише

Цуцла

Многу е важно да одберете цуцла за шишето која ќе одговара на возраста на бебето, затоа што на тој начин можете да спречите многу несакани состојби како што се:

-отфрлање на дојката – кога ќе одбирате шише за бебето кое го доите, многу е важно да одберете цуцла која е слична на вашите брадавици, затоа што збунетотото бебе може да ја отфрли дојката, или шишето;

-гушење – ако цуцлата оддеднаш пропушти поголема количина на млеко, бебето може да се засркне, па затоа при изборот е важно да водите грижа за протокот;

-прејадување – доколку бебето за време на еден оброк испие голема количина на млеко, може да дојде до несакани последици како што се повраќање и рефлукс;

-проблеми со говорот – кога бебето цица, тоа на тој начин ги развива и мускулите на устата и јазикот кои се одговорни за правилен говор, а тие нема да бидат добро развиени доколку детето, покрај погрешната цуцла (со посилен проток) не морало да ги активира.

Специјално дизајнирани шишиња

На пазарот можете да најдете и посебни шишиња кои можат да бидат од помош при решавање на одредени здравствени проблеми како што се рефлуксот, грчевите и воспалението на увото.

Цуцлите се разликуваат по облик, материјал, големина, а најважно е да водите грижа за која возраст се наменети.

Бебиња до три месеци

На новородените бебиња треба да им понудите цуцла со слаб проток на млеко, како би спречиле гушење и прејадување.

Бебиња на возраст од три до шест и од шест до дванаесет месеци

На оваа возраст треба да одберете цуцли со среден проток.

Деца од дванаесет до осумнаесет месеци

На повозрасните бебиња можете да им понудите цуцла со брз проток на млекото.

Можно е да се случи различни брендови да имаат и различни поделби, но многу е важно да се придржувате до упатството од произведувачот.

Големина на шишето

Помалите или потенките шишиња се позгодни за држење, како за мајката, така и за бебето. Секогаш водете грижа за капацитетот – како бебето расте, растат и неговите потреби за храна, па би требале правовремено да ја менувате и големината на шишето. Исто така, можете и на старт да купите поголемо шише, а потоа само да ја менувате цуцлата.

Материјал на шишето

Шишињата главно денеска се прават од пластика која често содржи Bisfenol A (BPA), состојка која може да предизвика разни заболувања. Затоа, задолжително прочитајте ја етикетата и проверете дали шишето ја содржи оваа многу опасна состојка, или некои други штетни токсини, како олово, фталат, пвц, како би го заштитиле своето дете.

 

Оставете коментар
Close