ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Исхрана за бебе – 7 месеци
    Исхрана за бебе – 7 месеци

    Исхрана за бебе – 7 месеци

    Ако бебето до шест месеци само цицало, сега покрај млекото мора да добие и друг тип на храна. Најдобро е млекото што го пие и понатака да биде мајчиното млеко.

    Ново во седмиот месец е воведување на месо, жолчка и житарки кои содржат глутен (пченица, јачмен, рж и овес).

    -Од месо, на новороденчето на оваа возраст може да му се дава: пилешко, мисиркино, телешко, јунешко и јагнешко месо – варено во супа и ситно исецкано. Наместо месо, може да се дава и соја.

    -Жолчката се дава тврдо варена, потоа испасирана, како додаток на млечните каши или на солениот оброк. Се воведува постепено (се почнува со осминка, па количината од ден на ден полека се зголемува, во рок од 10-15 дена, додека не се дојде до цела жолчка). Не се препорачува во ист ден да се дава и месо и жолчка.Треба да се дава еднаш едно па потоа друго.

    -Житарките кои содржат глутен се мешаат со млечните или овошните каши.

    -Од овошје, може да се дава банана и сезонско овошје (јаболко, круша, слива, праска, кајсија) – и тоа свежо, излупено и испасирано.

    -На бебето може да му се даде и јогурт или кисело млеко, но обично кравјо млеко сеуште не се препорачува. Во недостадок на мајчино млеко, се дава млечна формула со ознака 2.

    Помеѓу доручекот и ручекот или ручекот и вечерата, на бебето може да му се даде овошен сок, но во тоа не треба да се претерува. Преголемото конзумирање на сокови е најчеста причина за здебелување на малите деца, а навиката да пие од шише е главна причина за расипување на млечните заби.

    Предлог јадења за седум месеци:

     

    Утрински оброк веднаш по станување

    Доење или адаптирано млеко

    Доручек

    Житарки со овошје

    Ручек

    Зеленчук и месо (или соја)

    Доцна попладне

    Овошен сок

    Вечера

    Млечна каша со житарки (може и жолчка)

    Пред спиење

    Доење или адаптирано млеко