Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Исхрана за трудници: Зошто лубеницата е важна за мајката и бебето

Исхрана за трудници: Зошто лубеницата е важна за мајката и бебето

Лубеницата е преполна со вода, но и голем број на витамини и други хранливи материи, па е многу корисна за вашето здравје, особено во бременоста.

Лубеницата во последно време се смета за намирница со неограничени можности, иако некогаш била сметана само за сочна намирница со мали нутритивни вредности. Ова неизбежно летно овошје се вклопува во разни салати, смути, збогатувајќи ги со својата слаткост и боја. Меѓутоа, сте знаеле ли дека јадењето на лубеница во текот на бременоста има многу благодети за здравјето? Исто така овошните шеќери присутни во лубеницата помагаат во ублажување на утринската мачнина и дехидратацијата, а минералите можат да помогнат во спречување на појавата на грчеви во мускулите во третиот триместар.

Го намалува ризикот од прееклампсија

Во однос на доматот, лубеницата е богата со ликопен, антиоксиданс кој штити од развој на карцином и кардиоваскуларни заболувања, го поддржува имуниот систем и претставува природна заштита на кожата од штетните УВ зраци.

Уште подобри вести за корисноста на лубеницата во бременоста носи истражувањето објавено во магазинот International Journal of Gynecology and Obstetrics чии резултати покажуваат дека земањето на ликопен во облик на додаток на исхраната го намалува ризикот од прееклампсија за 50%. Исто така, научниците открија дека лубеницата содржи хранливи материи како витамините А, C и В6, потоа калиум и магнезиум кои се важни за видот на бебето, развојот на нервниот и имуниот систем. Освен за бебето, калиумот е важен и за самата трудница затоа што ја регулира рамнотежата на водата во крвта и ткивото. Со своите многубројни благодети и сочниот освежувачки вкус, лубеницата може да се смета за едно од најсовршените летни намирници.

 

Оставете коментар