Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Искреност од мајките: 5 работи кои нема да ги повторам со второто дете

Искреност од мајките: 5 работи кои нема да ги повторам со второто дете

Дали нешто би промениле во одгледувањето на второто дете? Прочитајте го мислењето на една мајка...

Разлика во грижата за првото и второто дете постои, иако некои родители тоа не сакаат да го признаат.

Една мајка одвојува пет работи кои никогаш нема да ги повтори во одгледувањето на второто дете.

1.Нема да се плашам од шишето

Кога сте новопечена мајка сите ви раскажуваат за доењето. Мајчиното млеко е полно со хранливи состојки неопходни за растење и развивање на детето. Светската здравствена организација го препорачува во првите шест месеци во животот на детето, бесплатно е, можете да доите било кога и било каде. Сето тоа е вистина, и треба да го конзумирате но истото може да му го дадете и преку шише со цел да не си отежнувате во миговите кога треба да излезете, да се напиете пијачка алкохол или да може да ве замени партнерот итн. Заклучок, на второто дете покрај доењето дајте му и шише.

2.Ќе користам носилка

Користете носилка, во неа ќе му биде удобно на детето исто како и во количката. Немојте да се плашите.

3.Нема да купам 50 убави облеки кои ќе ги носи само еднаш

Бебињата брзо растат. Тоа го знаме, но сепак купуваме премногу облека. Воздржете се од купување облека кога ќе се роди второто дете.

4.Немојте  да го споредувате вашето дете со другите деца

Немојте натпреварувачки да се однесувате. Ако видите дека други деца зборуваат, лазат или одат пред вашето, нека не ви биде криво. Децата се развиваат различно и имајте го тоа на ум следниот пат.

5.Ќе барам и ќе прифатам туѓа помош

И на мајките им треба помош. Ако со првото дете сте сакале се да направите сами и не сте имале доверба во другите, немојте да ја повторите истата грешка со второто дете. И другите знаат да се грижат за детето кое и тие го сакаат.

Оставете коментар