Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Избегнете епизотомија: Масажа која им помага на трудниците полесно да се породат

Избегнете епизотомија: Масажа која им помага на трудниците полесно да се породат

Масажата на перинеумот (ткивото помеѓу вагиналниот отвор и анусот) допринесува за поголема растегливост на ткивото а со самото тоа и избегнување на процедурата при пораѓањето која има непријатни последици.

Епизотомијата или сечењето на перинеумот многу често се изведува во нашите породилишта како би се олеснил процесот на вагиналното породување и како би се спречило пукањето, првенствено кај првородилките.

Сепак, истражувањата покажуваат дека бројот на епизотомии и оштетувања на мекиот излезен дел од породилниот канал може да се намали со адекватна припрема на трудницата за породување, која опфаќа и масажа на ткивото на перинеумот и припрема за негово ширење.

Овој процес треба да започне во 34-тата недела од бременоста и тоа секојдневно. Со перинеалната масажа се зголемува еластичноста на перинеумот, што може да доведе до избегнување на епизотомија и непријатното чувство кое го прати опоравувањето од овој зафат.

Жените кои ја практикувале оваа масажа имале 15%  помалку зафати на епизотомија во однос на оние кои не ја изведувале. Исто така, оние кои ја практикувале и имале епизотомија помалку се жалеле на болки во тој предел три месеци после породувањето.

Масажата која може да им донесе придобивка на идните родилки се изведува во полуседечка положба со нежни движења на прстите, со средени нокти и со помош на билни масла или лубриканти.

Перинеумот треба да се масира и постепено да се растега и опушта десет минути дневно по пример на процесот кој се одвива кога тука поминува главата на бебето во текот на породувањето, односно додека не се почувствува пецкање.

Важно е тој процес да протекува нежно, затоа што во спротивно може да се јави отекување и да се избегнува притисокот на уретрата. Може да го изведува и партнерот со ваше водење.

Сепак, перинеалната масажа не е за секого и нема да помогне во секој случај.

 

 

 

Оставете коментар