Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Изгубени во преводот: Што велат родителите, а што прават децата?

Изгубени во преводот: Што велат родителите, а што прават децата?

Прочитајте и забавувајте се со овие неколку фрази кои веројатно ви се познати ако го делите домот барем со една паметна и слатка главичка.

Селективното слушање превзема едно сосема ново ниво кога е во прашање комуникацијата со децата. Кога еднаш ќе дојдат до одредена возраст и знаете дека ве слушаат и разбираат, станува очигледно дека одбираат да ве игнорираат. А да не ја споменуваме разликата помеѓу она што вие го кажувате и она што тие го слушаат.

Па согласно тоа, порталот Babyology издвои неколку фрази кои можат да ви звучат познато:

Вие велите: Можеш ли сега, те молам, да ги измиеш забите?

Тие слушаат: Можеш ли сега, те молам, да скокаш по креветот, да се сокриеш во друга соба, да ја извлечеш секоја книга од полицата, да боиш секаде освен на хартијата а потоа некако да стигнеш до бањата и да ја измиеш устата со малку вода?

Вие велите: Време е за во кревет!

Тие слушаат: Те молам врати се во дневната соба со една чорапа, една кондура, три парчиња долна облека и растури ги по подот.

Вие велите: Брзо во колата!

Тие слушаат: Оди назад во домот и задржи се во бањата најдолго на светот.

Вие велите: Те молам спреми ја својата соба.

Тие слушаат: Те молам оди во својата соба пробај ја целата гардероба, направи шатор од истата и подстрижија секоја кукла која ја имаш.

Вие велите: Остави го кучето на раат.

Тие слушаат: Повторно повлечи го кучето за опашката, обожава кога му го правиш тоа.

Вие велите: Побрзај, веќе доцниме.

Тие слушаат: Мислам дека сега е вистинско време да ја побараш играчката која ја доби за роденден пред три години и која можеби е, а можеби и не е фрлена во ѓубре минатата година.

Вие велите: Изеди ја вечерата до крај.

Тие слушаат: Можеш да избегнуваш да ја изедеш оваа вечера и јас ќе ти направам три други во следните 15 минути ако цело време повторуваш дека го мразиш тоа што е во чинијата.

Вие велите : Лека ноќ.

Тие слушаат: Се гледаме за неколку часа кога слободно можеш да дојдеш до мојот кревет и да ми ја украдеш перницата.

Добрата вест е дека ги сакаме најмногу на целиот свет, а тука превод не е потребен.

Оставете коментар
Close