Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Излегување на забите: Кога се очекуваат и како да ја намалиме болката

Излегување на забите: Кога се очекуваат и како да ја намалиме болката

Му излегува ли запче на вашето бебе? Првото излегување на белото остро запче за родителите е голема веселба, но истовремено може да биде и голема мака.

На некои бебиња запчињата им излегуваат без проблем - и среќните родители самите ќе ги забележат. Други бебиња добиваат и висока температура и не сакаат ништо да јадат.

Кога на бебето почнуваат да му излегуваат забите и по кој редослед?

Не постојат две бебиња кои се еднакви и еднакво се развиваат. Различно се развиваат и еднојајчаните близнаци. И нив запчињата може да им излезат во различно време.

Некои бебиња се раѓаат со едно или со две запчиња (чудно но вистинито), а некои ќе проодат а немаат ниту едно запче.

На некои бебиња прво им излегуваат двојките па потоа единиците. Сето ова е нормално кај излегувањето на забите.

Повеќето од децата се вклопуваат во просекот на излегување на забите.

Распоредот на излегување на забите кај повеќето деца е следен:

Долни единици: Се појавуваат први и тоа во пар. Почнуваат да излегуваат помеѓу 4 и 7 месеци.

Горни единици: Тие се следни. Најчесто излегуваат помеѓу 8 и 12 месеци.

Горни двојки: Бебето изгледа многу слатко со четири запчиња во низа. Излегуваат помеѓу 9 и 13 месеци.

Долни двојки:Насмевката на бебето станува се послатка. Излегуваат помеѓу 10 и 16 месеци.

Првите горни катници: Горните катници се појавуваат помеѓу 13 и 19 месеци и на бебето не му служат да ја ситнат храната се додека не се појават и долните катници.

Првите долни катници: Се појавуваат од 14 до 18 месеци.

Горни очници: Очниците излегуваат после катниците. Тоа се случува од 16 до 22 месеци.

Долни очници: Излегуваат од 17 до 23 месеци.

Задни катници: Задните катници се јавуваат прво на долната вилица па потоа на горната. Последните излегуваат помеѓу 23 и 33 месеци. За нив нема да знаете дека излегле. Децата во овој период веќе не се многу чувствителни на болка.

Кои се симптомите за излегување на забите на бебето?

Постојат неколку симптоми кои се карактеристични за излегување на забите:

1.Зголемено лигавење

Често ќе слушнете од мајките - многу се лигави му излегуваат заби. Но немојте лигавењето предвреме да го сметате како излегување на заби. До третиот месец бебињата не се лигават, а потоа почнува водопад, причина за тоа е почнување со работа на жлездата за лигавење. Првите заби почнуваат да излегуваат од 4-6 месеци и навистина почнува зголемено лигавење. Лигавицата на детето му помага да ја намали болката во непцата и таа уште повеќе се јавува при излегување на забите.

2.Осипување при лигавење

Поради зголемено лигавење може да се појави и осип на брадата и лицето па и на вратот на бебето. Во тој период треба да се имаат при рака две - три лигавчиња за бебиња. Добро е детето да се мачка со масна крема.

3.Нервоза, плачење и будење од сон

Излегувањето на забите не е најдобро чувство на светот. Малите бебиња не знаат како на друг начн да го покажат тоа па затоа плачат. А како излегувањето на забите трае, траат и нервозата и лигавењето.

4.Бебето не сака да јаде

Бебето кое сака секогаш да јаде сега поради новото чувство во устата и воспалените непца ќе го намали апетитот. Може да се расплаче после две три лажички од кашата. И бебињата кои сеуште се на млеко, нема да сакаат многу да јадат.

5.Бебето се става во уста

Непцата малку чешаат кога излегуваат забите. Бебето затоа се повеќе ги става рацете во уста, но ги става и играчките и прстите на мама и тато.

6.Зголемена температура

Излегувањето на забите често е причина за зголемена температура. Важно е да се нагласи дека температурата никогаш не преминува преку 38 степени. Ако температурата е повисока и ако бебето покажува и некои други знаци на болест, значи не се работи за излегување на заби туку за нешто друго.

7.Пролив

Излегувањето на забите не може да биде причина за пролив, но лигавењето, ставањето на рацете во уста и ставањето на разни предмети може да предизвика пролив. Ако се појави пролив треба да имате поголем број на пелени и почесто да се менуваат за да не се појави и осипување од пелените.

Како да му се помогне на бебето на кое му растат заби?

Кога на нашето малечко му е лошо и кога нешто го мачи, ќе направиме се за да му биде добро. Излегувањето на забите треба да се преживее, а еве неколку совети како да му помогнете:

1.Гумени грицкалки и четкички за заби

Сте забележале дека бебето се става во уста и гризе. Дајте му да гризе гумена грицкалка и четкички кои се наменети за масирање на непцата. Некои бебиња многу загризуваат, а други бебиња ги игнорираат.

2.Замрзната банана или играчка

На бебињата на кои им растат забите во повеќето случаи веќе може да јадат банани или пециво. Ладното ги намалува воспаленијата и може краткотрајно да им помогне со болката. Постојат и посебни играчки кои се ставаат во замрзнувач и бебињата може да ги гризат за да ја намалат болката. Можете и саканото плишано мече да го ставите во замрзнувач. Бебето со задоволство ќе ги грицка неговите замрзнати уши.

3.Гелови за непцата

Во аптеките можете да најдете различни гелови кои ја намалуваат болката при излегување на забите. Но, морате да знаете дека нивното дејство е краткотрајно.

Излегувањето на забите и сите тие пропратни мачни појави се само дел од развојот на бебето и поради нив не треба посебно да се грижите. Само длабоко земете воздух и припремете се за помалку спиење и повеќе носење на бебето во раце.

Кога ќе излезат првите заби, се ќе стане многу полесно, на некои бебиња забите им излегуваат и со некоја солза, а на други им излегуваат со голема температура и плачење.

Оставете коментар
Close