Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Јапонската студија предупредува: Wi-Fi уредите влијаат на плодноста кај мажите

Јапонската студија предупредува: Wi-Fi уредите влијаат на плодноста кај мажите

После два часа, сперматозоидите од примероците кои биле потполно изложени на рутер се уништени.

Јапонскиот научник Кумико Наката откри дека електромагнетните бранови од Wi-Fi уредите можат да ги оштетат сперматозоидите и така директно влијаат на намалената плодност кај мажите.

Научниците за потребите на студијата земале примероци од спермата на 51 маж и ги распределиле во три групи. Првата група на примероци сместена е во група без рутер, втората е изложена но уредот имал заштитно стакло, додека пак третата е потполно изложена, пишува BrightSide.me.

Примероците се ставени многу блиску до рутерот, како би се имитирало непрестано носење на мобилен телефон во џеб или во рака.

После два часа, сперматозоидите од примероците кои биле потполно изложени на рутер се -  уништени. Докажано е дека после 30 минутна изложеност нема штетни ефекти, но дека после подолга изложеност се покажува се поголема штета.

Др. Наката вели дека не треба да ги фрлите сите уреди кои ги имате дома, туку дека едноставните навики можат да направат голема разлика. На пример, немојте да го чувате телефонот во џеб, туку на маса.

Оставете коментар