Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како бебето да цица

Како бебето да цица

За добар подој, бебето мора да ја фати убаво градата. Ако има слаб контакт меѓу вашето бебе и градата, доењето ќе биде нервозно, неефикасно и болно.

1. Свртете го бебето кон градите.Така јасно ќе го види изворот на храна. Бебешкото тело треба да биде право, од глава до петици, без оглед на позицијата во која се наоѓате.

2. Активирајте го рефлексот на барање со устата. Погалете го по образот со прст, бебето ќе се сврти во насока на стимулансот со отворена уста, подготвено за дотур на храна.

3. Поткренете ги главата и телото на бебето кон градата. Секогаш дигајте го бебето кон градите, никако не спуштајте ги градите кон бебето.

4. Залепете ја устата на бебето околу брдавицата и ареолата. Кога убаво ќе ги фати, устата на бебето ќе се припие за градата. Долната усна на бебето треба да биде испапчена. Ако ја фати само брдавицата и/или дел од ареолата подојот ќе биде болен за мајката (и не сосем доволен за бебето).

5. Откако убаво ќе ја фати градата, припијте го целото бебешко тело до вашето. Во зависност од позицијата во која се наоѓате, употребете перници за потпора.

6. Цицањето треба да почне автоматски. Во текот на доењето ушите на бебето ќе се мрдаат и ќе го чуете како голта.

7. За да го прекинете контактот, ставете прст во устата на бебето и одвојте го од пупката, па тргнете ја градата.Во случај да сакате да ја смените градата или да постигнете подобар контакт, повторете ја процедурата од 1 до 6.

Оставете коментар