Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да го храните бебето со цврста храна

Како да го храните бебето со цврста храна

Идеална прва цврста храна е оризов гриз, инстант- оброк специјално наменет за бебиња. Во прво време оброците со цврста храна треба да се сфаќаат како пробни и не треба да се сметаат во вкупниот дневен дотур на храна. Давајте му на бебето еден оброк цврста храна дневно, но продолжете со вообичаената рутина на доење или со адаптирано млеко.

1. Подгответе го гризот. Замешајте една супена лажица (15мл) со три лажици (45мл) мајчино млеко или вода во чинија или чаша. Мешајте додека не исчезнат сите грутки. Смесата треба да биде течна. Се служи топла или ладна.

2. Седнете го бебето во скут или во стол за хранење со потпора за грбот.

3. Ставете му лигавче на бебето.

4. Црпнете половина бебешка лажичка гриз и ставете му ја на бебето во уста. Можно е бебето да ја турне со јазикот. Ова е нормално, со оглед на тоа што кај сите бебиња во текот на цицањето јазикот се движи напред и назад. Со текот на времето, по многу вежбање, бебето ќе научи како храната да ја задржува во уста и да голта.

5. Повторувајте го претходниот чекор со нова лажица гриз или со оној што испаднал од устата на бебето додека не го изедете оброкот или додека тоа не почне да ви изгледа најадено.

6. Бидете трпеливи. Бебето учи комплексна нова вештина, мошне различна од цицањето. Обратете се до педијатарот кога да почнете со овошни и зеленчукови каши, домашни или купечки и мали залчиња друга храна.

Оставете коментар