Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да го негувате пеленското подрачје кај женските бебиња

Како да го негувате пеленското подрачје кај женските бебиња

Најважната работа кај чистењето на вагиналното подрачје кај бебињата е секогаш да го чистите од напред кон назад.

Кај девојчињата некогаш е потешко чистењето после какањето во пелена поради содржината која може да доспее помеѓу усните во вагиналното подрачје. Тогаш регијата треба да ја чистите на следниот начин:

1.Со чисти прсти нежно раздвојте ги вагиналните усни;

2.Со нежна газа, туфери или марамица исчистете ја нечистотата од горе надоле, поточно спрема газето и

3.Потоа исчистете ја прво едната па другата страна како и последната точка би била отстранета.

Исто така е важно да внимавате да нема бели наслаги и да ги исчистите нежно со тупфер натопен со топла вода или со чај од камилица. Насобраните бели наслаги во пределот на вулвата можат многу лесно да доведат до мокрачна инфекција кај бебето.

Првите недели после породувањето вагиналното подрачје може да биде отечено, црвено, а кај мал број на бебиња се случува и благо крварење. Ова е нормална појава и се случува затоа што бебето било изложено на хормоните на мајката додека било во матката. Ако ова продолжи и после шест недели, задолжително обратете се кај педијатар.

Оставете коментар