Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да го подготвите бебето за самоисхрана

Како да го подготвите бебето за самоисхрана

Бебето има инсталирано чувство за фаќање со прсти што му овозможува самото автоматски да се храни. Сепак, потребни се барем 12 месеци за да се развие полна функционалност во фаќањето. За да го подготвите за оваа посамостојна фаза, правете ги овие вежби за самоисхрана.

1. Ставете чергичка или гумена подлога  под столот за хранење.

2. Врзете му го лигавчето на бебето и припијте му го до градите.

3. Изнесете 3 вида храна. Ако има премногу избор, бебето ќе се збуни. Изберете храна за грицкање- суви житарки, мали крекери или слично-или нешто исечете на помали парчиња. Ако изнесете производи со различен изглед и вкус, ќе можете да видите и што повеќе сака вашето бебе.

4. Извадете го бебешкиот прибор. Во прво време бебето не може да се служи со него, но убаво е да го запознае.

5. Дозволете му на бебето да експериментира со производите. Нека ги зема и нека ги фаќа. Отпрвин може нема да му биде јасно дека местото им е во устата, но по извесно време неизбежно ќе ги пикне во неа- како и се друго што ќе фати.

6. Дајте му пример на детето. Земете едно парче и покажете му како се јаде. Полека ставете го во уста, џвакајте и голтајте.

7. Бидете трпеливи. Не нервирајте се ако на бебето му оди бавно. Ова е бавен процес.

8. Фалете го бебето и плескајте кога ќе фати некое парче или кога ќе го стави во устата. Можеби ќе се обиде да го стори тоа уште еднаш за да реагирате исто.

ВНИМАНИЕ : Не терајте го бебето да јаде на сила. Ако му дадете храна, а тоа одбие, обидете се пак по некоја минута. Ако го терате со сила, тоа може да почне негативно да гледа на храната.

 

 

Оставете коментар