Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да го преместите бебето да спие во одвоена соба

Како да го преместите бебето да спие во одвоена соба

Од возраста на детето ќе зависи како ќе се навикне да спие само. Иако зависи и од самото дете. Што е бебето помало, толку процесот е полесен.

Процесот на преминот од вашиот кревет во детскиот кревет може да потрае од неколку дена до неколку месеци во зависност од тоа колку долго детето спиело со вас во креветот.

Прво можете да поставите креветче или кревет (во зависност од возраста на детето) некаде во близина на својот кревет, па така пополека да почнете да го успивате детето во неговиот кревет, но така што ќе може да ве види во секој момент кога ќе се разбуди.

Децата често имаат ирационални стравови и треба да им се даде време да се изборат со истите.

Објаснете му на детето дека сте тука, дека во секој момент може да ве викне или да прејде во вашиот кревет. Немојте никогаш да очекувате детето само да се бори со својот страв.

Кај децата кои се доста повозрасни, некогаш причината за добивање на свој кревет или соба  е токму тоа да се чувствуваат повозрасно и тие тоа добро го прифаќаат.

Важно е кога детето еднаш ќе почне да спие во свој кревет, да не го враќате кај вас. Ова може да го збуни и наредниот пат уште потешко да успеете да го префрлите во неговата соба.

На вас и на вашиот партнер е да одлучите кога е време детето да добие свој кревет или своја соба. Ако на вашето семејство му годи да спиете заедно, тогаш така и продолжете, но важно е сите да се согласувате со тоа.

 

 

Оставете коментар